Црна хроника
Маж од Србија загина, сопругата и трите деца повредени во сообраќајка на автопат

Српски државјанин загина, а неговата сопруга и трите деца се повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 5.20 часот на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“.
Автомобилот марка „даеву“ со српски регистерски таблици удрило лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлило на другиот коловоз во правец од Демир Капија кон Неготино.Педесет и петгодишниот маж починал на лице место, а неовата четириесет и едногдишна сопруга и трите деца се повредени и пренесени во Медицински центар Велес. Автомобилот го управувала сопругата, која е потешко повредена, а трите деца на возраст од десет години, осум години и бебе на возраст од една година седеле на задното седиште и се полесно повредени.Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. Од 05.20 до-08.30 часот на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, на правецот Демир Капија- Неготино од 05.20 до 8.50 часот сообраќајот беше целосно во прекин, возилата се пренасочуваа преку регионалниот пат. /крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.