Црна хроника
Скопјанец во притвор за џебни кражби, Бугарки протерани од државава
Еден скопјанец доби притвор од осум дена заради џебни кражби, а за истото дело две Бугарки се протерани од земјава на десет години, а добиле една година казна затвор, три години условно.
Имено, СВР-Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното јавно обвинителство, за два одделни случаи, поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.С. (65) од Скопје, како и против лицата И.М.Е. (21) и М.Ј.Г. (57), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело -“кражба“.
Во првиот случај на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки судија на претходна постапка на истите им одреди мерка една година затвор, условно за три години, протерување и забранет влез во РМ во времетраење од 10 години.
Според документираните сознанија во првиот случај Ѓ.С. кривичното дело го извршил околу пладне на подрачје на Центар, на автобуската постојка наспроти хотелот „Холидеј Ин“, на тој начин што искористувајќи ја гужвата при качување во автобус и невниманието на оштетениот, со протнување на рака во џеб од палтото му го одзел мобилниот телефон, со што се стекнал со имотна корист во висина од околу 3.000 денари. Но, пријавениот веднаш по извршувањето на кривичното дело е забележан од страна на инспектори од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар по бил приведен, каде со потврда украдениот мобилен телефон бил одземен и вратен на оштетениот. Инаку Ѓ.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во период од 2008 до 2014 година поднесени му се осум кривични пријави
Во вториот случај, на 14 јуни околу пладне, во автобус кој се движел на релација од автобуската постојка кај Зелен пазар до автобуската постојка кај „Рекорд“, горепријавените И.М.Е. и М.Ј.Г. го забележале оштетениот и искористувајќи ја гужвата во автобусот и невниманието на оштетениот, се доближиле до него, и додека второпријавената се туркала во оштетениот со цел да му го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на рака во левиот џеб од пантолоните му го украла паричникот со пари и лични документи, стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од околу 5.000 денари. При извршување на кривичното дело, пријавените биле забележани од страна на оолициски службеници од Центар и од Бит Пазар и откако на автобуска постојка кај Рекорд, се симнале од автобусот истите се приведени. Со потврда украдениот паричник им бил одземен и истиот бил вратен на оштетениот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.