Контакт

Компании

Триглав Осигурување ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување

Објавено пред

Групацијата Триглав ја заврши 2015-та година во согласност со стратешките насоки. Обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година.

dobivaj vesti na viber

Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Доброто работење на групацијата во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрувањето на комбинираниот коефициент, којшто се намали на 92,8% и е подобар од планираното и од резултатот во 2014-та година за 3,5 процентни поени, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Триглав Осигурување АД, Скопје, член на Групацијата Триглав, достигна удел на пазарот на неживотно осигурување од 18%, со што постигна раст од еден процентен поен во споредба со 2014-та година и со тоа ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување. Во доменот на здравственото и пензиското осигурување, сегменти чијшто развој е од особена важност, Групацијата Триглав ја превзеде Скупна покојнинска дружба, втората најголема словенечки компанија, којашто обезбедува доброволно пензиско осигурување. На минатогодишните добри деловни резултати позитивно влијаеше и порастот на премија на останатите пазари, отсуството на масовни штетни настани, но и не толку поволната ситуација на пазарите на капитал.  Групацијата во 2015-та година обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година. Групацијата Триглав со 36% удел на словенечкиот пазар е убедлив пазарен лидер. Покрај матичната компанија, на овој пазар делуваат и Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба, новото зависно друштво во групацијата. Премијата на Заваровалница Триглав достигна 586,3 милиони евра (1% помалку од 2014-та година), додека пак Триглав, Здравствена заваровалница обезбеди 1% повисока премија споредено со претходната година. Во Словенија, Групацијата Триглав на пазарот на неживотно осигурување има удел од 44%, на пазарот на животно осигурување 35%, а на пазарот на здравствено осигурување 23%. Во Хрватска премијата забележа раст од 8%, во Србија 24%, а во Македонија 13%. На црногорскиот пазар растот на премијата изнесува 10%, додека пак во Босна и Херцеговина 9%. Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Нето добивката од 88,9 милиони евра е 24% повисока од планираното и 4% повисока од претходната година. Доброто работење во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрениот комбиниран коефициент на групацијата, којшто се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираната вредност и од вредноста постигната во 2014-та година, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%).Деловните резултати зависат од различни финансиски вложувања, коишто го претставуваат најголемиот дел од вкупните средства. Поради несигурната ситуација на пазарите на капитал, со исклучително ниски каматни стапки, повратот од финансиските вложувања на Групацијата Триглав (исклучувајќи го повратот од инвестиции на оние осигуреници на животни осигурувања, кои превземаат инвестициски ризик) се намали за 16% споредено со претходната година. Финансиската стабилност и успешното работење на Групацијата Триглав во 2015-та година беа потврдени со високата кредитна оценка “A-“ од S&P и A.M. Best. Агенцијата S&P ја подобри среднорочната прогноза од стабилна во позитивна, додека пак агенцијата A.M. Best повторно ја потврди својата позитивна прогноза. На високиот степен на финансиска стабилност укажува и вкупниот капитал, зголемен за 2% (704 милиони евра), како и растот од 11% на бруто техничките резерви на групацијата (2.600,4 милиони евра). Обете категории се гаранција и основа за врамнотежено работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците на Групацијата Триглав.  На почетокот на 2016-та година Заваровалница Триглав започна да користи надграден систем на управување со ризици, во согласност со законските прописи од Солвентност II. Новиот режим ја менува културата на работење, воведува надграден систем на управување со ризици и го одредува вреднувањето на влијанието што одредени деловни одлуки го имаат врз профилот на ризик на осигурителната компанија, на капиталот и на финансиската состојба. Групацијата Триглав и според новите пресметки задржува висока адекватност на капиталот, којашто варира во целниот распон на адекватност на капитал на групацијата, помеѓу 250% и 300%.Во согласност со обновената политика за дивиденда, којашто е дел од политиката на управување со капитал на групацијата, Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав предложија на Собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,5 евра по акција, а во вкупна висина од 56.837.870,00 евра. Во согласност со предлогот за дивиденда, 64% од нето добивката на групацијата за 2015-та година, т.е. 87% од акумулираната добивка на Заваровалница Триглав за 2015-та година ќе бидат наменети за исплата на дивиденди. Надзорниот одбор и Управата оценуваат дека и по исплатата на дивиденди според дадениот предлог, адекватноста на капитал на Групацијата Триглав ќе остане во дефинираниот целен распон. Тоа е од особена важност за одржување на високата финансиска стабилност на групацијата, сигурноста на нејзиното работење и успешната реализација на планираните стратешки насоки.Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав изјави: „Позади нас оставаме година полна со предизвици, но истовремено и mnogu успешна. 2016-та година ја започнавме со силен капитал и во согласност со Солвентност II, што им овозможува на Управниот и Надзорниот одбор на Собрание на акционери да предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто вредност по акција. Нашето внимание е веќе насочено кон иднината. Со оглед на овогодишните очекувани прилики, планираме деловен резултат пред оданочување на Групацијата во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија од осигурување во висина од околу 900 милиони евра и комбиниран коефициент од околу 95%. Во главен фокус ќе остане осигурителната дејност, затоа што нашата главна цел се задоволни осигуреници. Земајќи ја во предвид моменталната состојба на пазарот, ќе ја јакнеме и подобруваме понудата и ќе ги развиваме продажните канали. Воведувањето на современи технологии на сите нивоа на работењето ќе ни овозможи конкурентна предност.“ Триглав Осигурување АД, Скопје е лидер на пазар, којшто го сочинуваат 15 осигурителни компании. Компанијата во 2015-та година обезбеди бруто полисирана премија во износ од 21 милион евра (1.294.416 илјади денари), што е за 13% повеќе, споредено сo претходната година. Со тоа компанијата достигна удел од 18.0% на пазарот на неживотно осигурување, со што постигна раст од еден процентен поен споредено со 2014-та година.  По повод објавувањето на ревидираниот извештај за работењето на Заваровалница Триглав и Групација Триглав за 2015-та година, главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Ѓорѓе Војновиќ во оваа прилика изјави: „Задржувањето на лидерската позиција  е една од главните стратешки цели на Триглав Осигурување, покрај определбата за профитабилно и сигурно работење, која на нашите клиенти, вработени и акционери им обезбедува сигурна иднина. Целиме да бидеме креатори на растот на пазарот на неживотно осигурување. Тоа со себе носи и голема одговорност пред јавноста и нашите клиенти, и подразбира фокус на развој на нови производи и услуги како додадена вредност на постоечките, како и посветеност кон едукација на јавноста, со цел зголемување на свесноста за осигурување. Во таа насока, во 2015 година на пазарот воведовме производ за доброволно здравствено осигурување, поточно осигурување на специјалистичко амбулантно лекување, како одговор на потребите на пазарот, кој има извонреден потенцијал. Истото се однесува и за пазарот на животно осигурување, поради што донесовме одлука да превземеме значајна улога и во тој сегмент на осигурувањето.“ /крај/со/мф

Економија

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

Објавено пред

Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

dobivaj vesti na viber

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.

Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.

Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Објавено пред

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува

dobivaj vesti na viber

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии

· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

· Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

· Молба

· Кратко CV

· Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12

1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии

· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех

· Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

· Молба

· Кратко CV

· Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Прикажи повеќе...

Економија

Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија

Објавено пред

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.

dobivaj vesti na viber

Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).

Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.

Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.

На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.

Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.

Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.

Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.

Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија3 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија3 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ3 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија3 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија3 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет5 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет7 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет7 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет7 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет7 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа8 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија18 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет18 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет21 час

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет21 час

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија24 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....