Здравје
Љубената жена е клучна за здравјето на мажот

Мажите му нанесуваат повеќе штета на својот организам, отколку жените и повеќе даваат отпор на соочувањето со сопствените слабости пиејќи и пушејќи повеќе од жените, а и поретко одат на лекар.
„Мажите гледаат на своето тело како на оружје. Одат на лекар само кога чувствуваат дека нешто навистина не е во ред или кога навистина чувствуваат болка“, вели еден од врвните германски уролози Теодор Клотц, претставувајќи ги резултатите од истражувањето спроведено за потребите на германската влада, пишува DPA.
Меѓутоа, јавувањето на лекарски преглед, сепак, не покажува прецизно колку луѓето всушност се здрави. Клотц наведува пет фактори кои се во значајна корелација со изостанувањето на болестите. Најистакнатите меѓу нив се стабилното животно партнерство, потоа редовното вежбање, разноличната исхрана, одредената животна рутина и, во крајна линија, превентивната медицинска грижа којашто го заокружува здравиот животен стил.
Стабилното партнерство е многу важно, истакнуваат истражувачите, затоа што мажите по 40-та година од животот посилно се насочуваат на социјалното дружење и функционалното партнерство. „Жените можат сосема доброи да живеат сами… Тогаш мажите многу подобро внимаваат на исхраната и посветуваат поголемо внимание на потребата од соодветните вежби. Оттаму, стабилната и среќна врска е многу значајна, особено на поголема возраст“, вели Клотц и ја истакнува разликата доколку мажот е во врска.
Според истражувањето што го спровело берлинскиот Институт „Роберт Кох’, мажот кој е во врска во просек две години подолго живее отколку самецот
„Жените обично ја преземаат улогата на оној кој се грижи за здравјето… Доколку мажот не се чувствува добро, жената ќе го советува да не оди тој ден на работа. Доколку самиот би одлучувал за тоа, би бил наклонет да ги прецени сопствените можности и да ги минимизира симптомите“, вели Томас Алтгелд и додава дека жените водат грижа и кога е закажан следниот преглед кај лекарот или кога е потребно да се земе нешто против грип.
Мажите во секој случај би требало да посветат поголемо влијание на сопствените здравствени проблеми, со отворена комуникација дома како приорите, смета Моника Кестер од германската Сојузна агенција за храна. Треба да се запрашаат за тоа како да обезбедат здрава исхрана и покрај целодневниот престој на работното место, што да се стори за да се намали стресот и како повеќе да се движат во текот на секојдневниот работен ден, додава Кестер и истакнува дека поставени на овој начин, прашањата на здравјето и превенцијата стануваат појасни и поконкретни.
Токму во тоа се состои значајната улога на семејството или врската. Кога исхраната почнува да станува монотона во текот на работната седмица, треба да се испланира заедничко готвење на нешто здраво и вкусно преку викендот. Покрај тоа, возењето со велосипед или играњето бадминтон, со што се забавува целото семејство, исто така, е добредојдено, наведува Кестер.
Вежбањето е важно за превенцијата на болестите, како и за подобрување на ситуацијата покрај постојните здравствени проблеми. „Со дијабетес од типот 2, на пример, нивото на шеќерот во крвта може да падне“, вели Кестер предупредувајќи дека повеќе мажи отколку жени патат од дијабетес.
Укажува и на улогата на жената и во редуцирањето на наклонетоста на партнерот кон дијабетес, во прв ред, кога станува збор за количеството на храната којашто останува на стол по оброкот, односно при земањето на дополнителни порции храна. Во таа смисла целото семејство може да придонесе да се променат навиките во исхраната и да се редуцира прејадувањето.
Покрај сите наведени фактори, на мажите му е многу важно неговата партнерка да му упатува порака дека гледа пред него долг, среќен и здрав заеднички живот. Во многу случаи, само истакнувањето на таквите пораки наместо приговарањето се „доволни да го мотивираат мажот повеќе да се погрижи за себе од превентивни причини“, заклучува Клотц./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.
Забава
Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.
Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.
Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.
Летно диетално мени
Понеделник:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 интегрален тост со сирење
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај
Вторник:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук
Среда:
Појадок: 1 чаша билен чај, тост
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки
Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка
Петок:
Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 30 грама ореви
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко
Сабота:
Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.