Европа
Италија ја истражува можната улога на IS во организирањето на мигрантите преку Медитеран
Италија истражува дали екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) е вмешана во организирањето на преминувањата на десетиците илјади имигранти преку Средоземното Море, изјави во средата министерот за правда Андреа Одландо.
Миграциската трута преки балканските земји е прекината откако земјите од централна и југоисточна Европа ги затворија своите граници, а потоа ЕУ и Турција потпишаа договор за запирање на мигрантскиот бран, но стотици луѓе секојдневно и натаму пристигнуваат во Италија, во најголем број од Либија.
Криминалните банди го искористија хаосот во Либија по соборувањето во 2011 година на деценискиот авторитарен челник Моамер ел-Гадафи, за само за неколку стотици долари да ги наплаќаат илегалните патувања преку Средоземното Море на луѓето кои бараат подобар живот во некоја европска земја, а станува збор главно за население од субсахарска Африка.
„Во тек е истрага чија цел е да се дознае дали имаат џихадисти на Исламската држава клучна улога во контролата и организацијата на заминувањето на имигрантите кон Италија“, изјави пред парламентарната комисија италијанскиот министер за правда, Андреа Орландо.
Додаде дека податоците од истрагата за влегувањето на имигрантите и активностите на европската полициска агенција Европол, се тајни. Истакна дека прашањето е деликатно, а ризикот голем, но дека постои сомневање дека милитантите настојуваат да влијаат на тоа каде во Италија да ги насочат имигрантите.
Џихадистичките терористи во Европа меѓу имигрантите камуфлираат и свои членови.
Во текот на 2016 година, до 27-ми јули, по поморски пат на европскиот континент пристигнале повеќе од 257.000 имигранти, а околу 3.000 ги загубиле животите или се сметаат за исчезнати во морето.
Севкупно ширум светот оваа година животите ги загубиле 4.027 имигранти, а три четвртини од тоа загинале во Средоземното Море. Тоа, на глобално ниво, претставува 35 отсто повеќе во однос на истиот период минатата 2015 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

