Црна хроника
Вработени во катастарот осомничени дека украле речиси два милиона денари

Тринаесет вработени референти во Агенцијата за катастар на недвижности се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување односно дека украле речиси два милиони денари.
Катастарски службеници – референти за шалтерско и архивско работење, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, прибавиле за себе противправна имотна корист . Имено, при приемот на пријавите – барањата од странки, наплатата на надоместокот (административната такса) ја вршеле за парични средства во готово при што ги убедувале странките дека им помагаат со тоа што надоместок тие лично ќе го платат преку нивните лични платежни картички. Осомничените веднаш по направеното плаќање со платежните картички преку постерминалите вршеле сторнирање на направените трансакции, а кон примените пријави – барања од странките го приложувале веќе испечатениот „слип” – потврда за извршено плаќање, како доказ дека административната такса е наплатена и предметот го пуштале во понатамошна процедура. Добиените парични средства во готово ги присвојувале за себе и притоа се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.883.433,00 денари.Со оглед на тоа што за непречено водење на кривичната постапка е потребно да се обезбеди присуството на осомничените, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности што се поврзани со кривичното дело./крај/мф
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.