Контакт

Естрада

Spice Girls нема повторно да се обединат

Објавено пред

Поранешната спајсица Ема Бунтон за британскиот таблоид The Sun ги негираше информациите според кои сите членки на Spice Girls повторно ќе се соберат и следната година ќе организираат турнеја, пишува BBC.

dobivaj vesti na viber

 

 

Весникот пренесе дека на меѓународна турнеја во 2016 година ќе заминат четири од пет членки на популарниот бенд бидејќи меѓу нив нема да биде Викторија Бекам.

 

„Ако било што ново да се случи и да донесеме конкретна одлука, секако за тоа ќе ве информираме“, рече Бунтон за британското Heart FM радио.

 

Членките на групата Spice Girls продадоа повеќе од 75 милиони албуми, а нивните синглови на прво место се најдоа девет пати.

 

Девојките станаа културолошки феномен кога во деведесеттите години на минатиот век се појавија на поп сцената. За тоа говорат и конкретните податоци, а завршија и во Гинисовата книга на рекорди. Нивниот Wannabe е најпродаван сингл на сите времиња на некој женски бенд, прва група во историјата се која своите први три сингла во кариерата ги продала во тираж поголем од милион примероци, имаа најуспешен сингл деби на еден британски изведувач во САД, најдолго се задржаа на првото место на британската топ листа на албуми во деведесеттите, а имаа и најбрзо продаван албум на еден британски изведувач по Битлси.

 

Освоија повеќе музички награди. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија4 часа

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија5 часа

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија7 часа

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет8 часа

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет8 часа

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет8 часа

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет8 часа

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет8 часа

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет8 часа

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...

Македонија1 ден

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија1 ден

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија1 ден

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија1 ден

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија1 ден

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија1 ден

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија1 ден

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија1 ден

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...