Контакт

Свет

ЕЦБ е подготвена итно да воведе нови поттикнувачки мерки

Објавено пред

Европската централна банка (ЕЦБ) подготвена е во краток рок да воведе мерки со кои би ја поттикнала анемичната инфлација во еврозоната, порача челникот на ЕЦБ, Марио Драги.

dobivaj vesti na viber

 

 

Тој како пример ги посочи измените на актуелната програма на откуп на имот и каматните стапки на депозитите на банките.

 

„Доколку заклучиме дека актуелната насока на нашата политика не е доволна да се оствари нашата цел, ќе сториме се што мораме за да го поттикнеме јакнењето на инфлацијата што е можно поскоро. Тоа ни налага нашата задача за постигнување на ценовна стабилност“, рече Драги за време на Европскиот банкарски конгрес во Франкфурт.

 

Изјавата на Драги претставува најсилен сигнал кој досега пристигна од ЕЦБ дека банката на редовната седница на 3 декември ќе објави нови поттикнувачки мерки за да го сопре паѓањето на инфлацијата уште подлабоко под зацртаните „нешто под два отсто“, наведува Reuters.

 

ЕЦБ од март оваа година месечно откупува имот во износ до 60 милијарди евра, претежно државни обврзници, во настојување да ја заживее инфлацијата, но потрошувачките цени во октомври, според последните податоци на Eurostat, порасна само 0,1 отсто.

 

Драги порача дека ЕЦБ е подготвена да ја промени и актуелната каматна стапка на депозитите на банките кај централната банка за да се зајакне ефектот од програмата за квантитативно ублажување.

 

Каматната стапка на депозитите моментно изнесува минус 0,2 отсто, што значи дек ана банките им се наплатува за чување на нивните пари во централната банка за да се стимулираат да ги пренасочат средствата на кредитни пласмани. /крај/

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа57 минути

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 часа

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...

Свет3 часа

Трамп му ги предава окупираните украински територии на Путин, пишува Телеграф

САД наводно се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и другите окупирани украински територии со цел да се...

Македонија4 часа

Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“

По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На...

Економија5 часа

Од 1 декември поскапува парното: сметките повисоки за околу 130 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената...

Македонија6 часа

Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната...

Топ7 часа

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ9 часа

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија10 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија10 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет12 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија12 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет13 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет13 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет23 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија1 ден

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија1 ден

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...