Контакт

Политика

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае изборите на кои ќе победи СДСМ

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае изборите доколку на 5-ти јуни СДСМ победи, порача во средата челникот на владејачката партија Никола Груевски,  повикувајќи го лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев неговата партија да ги поднесе кандидатските листи до Државната изборна комисија (ДИК) до полноќ кога истекува законскиот рок.

dobivaj vesti na viber

„Слушнав од медиумите дека г-дин Заев кажал дека е многу сигурен дека ќе ги добие изборите на 5-ти јуни и дека стравува дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ги изгубело изборите на 5-ти јуни ќе ги признае и дека затоа не сакал сега да има избори“, рече Груевски кој јавно го повика Зоран Заев да излезе на избори.

Претходно во вторникот Заев на дебатата што ја организираше невладиниот сектор „Цивил“, рече дека избори на 5-ти јуни нема да има, но нагласи оти е сигурен дека и доколку се одржат дека опозицијата ќе победи, но оти не верува дека ВМРО-ДПМНЕ тогаш би ги признале таквите изборни резултати.

„Колку и да звучи небулозно сето тоа што го кажува, еве јавно го повикувам има доволно време до крајот на денот, слободно да не се плаши од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги признае изборите или нема, да достави листи. Јавно му ветувам дека ако достави листи ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни ќе ги признае изборите и нема да има никаков проблем“, повтори Груевски во изјавата на телевизија Сител.

На околу четири часа до истекувањето на законскиот рок, стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува на изборите распишани за 5-ти јунии оти партијата ќе поднесе кандидатски листи во ДИК. СДСМ, ДУИ и ДПА, пак, објавија дека нема да поднесат кандидатски листи до Државната изборна комисија, со што потврдија дека нема да учествуваат на избори. Единствено партијата на Јанко Бачев, Народно движење за Македонија, достави листи со свои кандидати за пратеници до шесте изборни единици./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

dobivaj vesti na viber

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија14 часа

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија15 часа

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија15 часа

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија16 часа

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...

Економија16 часа

Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но недостигот на стручни кадри е најголем ризик за инвестирање

Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од...

Македонија17 часа

Митровски објави дека адвокат му починал пред очите: „Помодре и не даваше значи за живот, колега почина на работното место“

Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук-профил сподели информација за тоа дека во Граѓанскиот суд, односно на судење, починал негов колега...

Регион19 часа

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија21 час

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија22 часа

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија23 часа

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет23 часа

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет23 часа

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по вчерашното повеќекратно застрелување во обид за атентат, изјави вицепремиерот....

Свет24 часа

Атентат на Роберт Фицо: министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток, денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет24 часа

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија1 ден

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија1 ден

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија2 дена

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија2 дена

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија2 дена

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...