Контакт

Наука

Откриена црна дупка што ја доведува под знак прашалник теоријата за нивниот постанок

Објавено пред

Астрономите откриле голема црна дупка, која настанала во раната вселена, 12 милијарди пати поголема од Сонцето во светлечкиот квазар, објавија во среда научниците.

dobivaj vesti na viber

 

 

Откритието ги доведува под знак прашалник сегашните теории за брзината на растот на црните дупки и научниците на можат да објаснат како новооткриената црна дупка растела толку брзо.

 

„Нашето откритие претставува сериозен предизвик на теориите за растот на црните дупки во раната вселена“, вели водителот на истражувањето Ксу-Бинг Ву од универзитетот во Пекинг.

 

Црните дупки се делови од вселената толку густи со маса што ниту светлината не може да патува доволно брзо да ја избегне силата на нивната гравитација. Тие се откриваат благодарејќи на нивното влијание на блиските галаксии, ѕвездите и прашината.

 

Новооткриената црна дупка е двојно поголема од претходно откриените црни дупки со иста старост, вели научникот Брам Венеманс од Макс Планк институтот за астрономија во Германија.

 

Новооткриената црна дупка е создадена околу 900 милиони години по Големата експлозија.

 

Колку за споредба, црната дупка во центарот на Млечниот пат има 4 до 5 милиони пати поголема маса од Сонцето.

 

Научникот Фујан Бианс од австралискиот национален универзитет објаснува дека црните дупки растат со апсорбирање на масата. Но, со апсорбирањето на масата дупката ќе биде загреана создавајќи притисок од зрачење што ќе ја турка масата од црната дупка.

 

„Всушност имате две сили во рамнотежа што ја ограничува брзината на раст кој е многу помал од она што го најдовме“, вели Биан.

 

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature. /крај/ин/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Наука

Студија открива зошто зевањето е „заразно“

Објавено пред

Многумина претпоставуваат дека проѕеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваат научниците долги години. Таа теорија, сепак, е отфрлена.

dobivaj vesti na viber

„Зевањето се состои од широко отворање на устата и максимално проширување на вилицата, проследено со длабоко вдишување и бавно издишување“, објаснува д-р Рејан Сагир од Велика Британија и додава дека овој секојдневен феномен сè уште не е целосно научно објаснет и разбран.

Најчудниот детал за проѕевањето е неговата „заразност“. Има многу студии на оваа тема, па има и некои објаснувања зошто мораме да зеваме кога гледаме како некој друг се проѕева. Објаснувањето лежи во психологијата, а постојат тврдења дека „само психопатите не зеваат кога тоа го прави некој друг во нивната околина“.

Многу луѓе претпоставуваат дека зеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваа научниците до крајот на минатиот век, но по експериментите објавени во 1987 година, таа теорија беше отфрлена, бидејќи немаше докази за никаква корелација, пренесува realsimple.com.

„Како што се уморуваме, особено кога гледаме неинтересни или неинтерактивни повторувачки содржини како предавања, нашето тело го користи зевањето како средство за будење. Истражувањата покажаа дека ова е точно, бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат по проѕевањето, достигнувајќи врв за 10 до 15 секунди“, вели д-р Сагир.

Зевањето е поврзано и со ладење на мозокот, поради што се проѕеваме почесто кога температурата се зголемува.

„Кога мускулите на лицето се опуштаат, тоа овозможува губење на топлина низ вените на лицето и влегување на ладен воздух, што помага да се намали температурата на мозокот“, пренесува 24sata.

Причината зошто зевањето е заразно е емпатијата

Според истражувачите, најверојатната причина зошто зевањето е заразно е емпатијата.

„Како што стареат луѓето го подобруваат својот психосоцијален и невролошки развој, па туѓото зевање станува еден вид знак дека и тие треба да зеваат. Овој феномен е познат како феномен на ехо, а се јавува и кај шимпанзата и кучињата“, вели др. Сагир и додава:

„Не е само зевање тоа што несвесно се копираме еден од друг“

На пример, секој ден автоматски, несвесно имитираме туѓи зборови (ехолалија) или постапки (ехопраксија), се со цел подобро да се вклопиме. Таквото однесување е сосема природно, бидејќи нашиот мозок е програмиран на тој начин – да ги копира луѓето со кои сме опкружени.

„Истражувањата покажаа дека зевањето предизвикува „огледални неврони“ во еден дел од мозокот, но овој одговор е ограничен на целосно развиен мозок. Како ментално здрави возрасни луѓе, нашиот психосоцијален развој ќе нè натера да зеваме кога некој друг го прави тоа. Кај луѓето кои не се развиени добро и правилно ментално, не се гледа заразното дејство на проѕевањето“, забележува британскиот лекар.

Ги „копираме“ зевањата на луѓето за кои се грижиме

Некои студии покажуваат дека децата, чиј мозок се уште се развива, зеваат само кога се уморни, но не и кога некој го прави тоа покрај нив. Освен тоа, студиите покажаа дека повеќе сме склони да го копираме зевањето кога тоа го прават луѓе за кои се грижиме, со кои сме блиски.

“На пример, ако некој член од семејството зева, поголема е веројатноста да зеваме отколку кога некој што не го познаваме зева. Ова се случува токму поради емпатијата кога несвесно сакаме да ги пресликаме постапките на саканите”, вели д-р Сагир.

Прикажи повеќе...

Наука

Кометата која милиони години патувала до Земјата ќе биде видлива со голо око во октомври

Објавено пред

Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.

dobivaj vesti na viber

Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години.

„Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.

Кометата првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари лани и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.

„Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, кажа Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025...

Македонија1 час

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет1 час

Пежешкијан му порача на Трамп: Иран нема да се поклони пред ниту еден насилник

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека земјата нема да „се поклони пред ниту еден насилник“ како одговор на критиките...

Свет2 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа3 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа3 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија20 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија21 час

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија21 час

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија21 час

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија21 час

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија22 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет23 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа23 часа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет23 часа

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија1 ден

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија1 ден

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет1 ден

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа1 ден

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...