Скопје
Општина Центар: Разрешената директорка на градинката „Корчагин“ се соочува со кривична одговорност
Разрешената директорка на јавната установа за деца – детска градинка на општина Центар “Раде Јовчески – Корчагин“, Злата Николиќ, не го враќа печатот на градинката и со него неовластено располага, информираат од Општина Центар.
„Општина Центар ги презема сите дејствија за да стапи во контакт со разрешената директорка и да се изврши примопредавање на должноста со новиот директор, но сите напори се безуспешни. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, до полициската станица Центар-Скопје упати барање за интервенција и преземање на сите мерки кои на полицијата и’ стојат на располагање, со цел да се врати печатот на градинката и да се откријат евентуални, можни злоупотреби на службениот печат, што повлекува кривична одговорност“, се вели во соопштението.
Градоначалникот Жерновски на 11.11.2015 ја разреши директорката Злата Николиќ и за В.Д. директор ја именува Мирјана Василевска. В.Д. директорот има обврска да ги обезбеди печатите со кои неовластено располага разрешената директорката.
„Николиќ е разрешена по извршената ревизија, при што се констатирани неправилности кои упатуваат на непочитување на Законот за јавни набавки, како и законската регулатива за материјално-финансиско работење на градинката. За конечниот ревизорски извештај требал да се произнесе управниот одбор на јавната општинска установа, но од дополнителните проверки е констатирано дека на половина и повеќе членови мандатот не им е верификуван од страна на Советот на општина Центар, поради што Управен одбор во таков состав не може да води постапка за утврдување на одговорноста на директорката“, велат од Општина Центар.
Според нив, разрешената директорка Злата Николиќ дозволила со установата да управува нелегитимен орган. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.

