Компании
Цементарница УСЈЕ со програма за зголемување на вработувањето на младите
Цементарница УСЈЕ започна Програмата за обука за поттикување на вработување и професионален развој на млади високообразовани лица, иницирана од Групацијата ТИТАН.
Во рамки на оваа Програма, Цементарница УСЈЕ, почнувајќи од овој месец, по пат на оглас, ангажираше млади инженери и студенти од завршните години од техничките факултети за обука и развој во областa безбедност и здравје при работа. Платената обука при работа ќе трае од шест месеци до една година. Во тој временски период, според програмата, младите инженери ќе имаат можност да ги збогатат своите знаења и да се здобијат со практични вештини кои ќе им помогнат во нивното стручно усовршување со што полесно ќе можат да најдат трајно вработување. Сите практиканти ќе добијат потврда за обученост во соодветната област и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.„Една од стратешките определби на Цементарница УСЈЕ е поддршката на заедницата преку придонес во развојот на неколку значајни области. Една од нив секако е поддршката на младите талентирани луѓе и нивниот професионален развој. Горди сме што се вклучуваме во овој проект кој убеден сум дека придонесе за отворање на нови перспективи за младите, област во која сите ние треба континуирано да вложуваме“, изјави главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ, Борис Хрисафов. Групацијата ТИТАН, од која е дел и Цементарница УСЈЕ, во ноември 2015-та година го потпиша Европскиот „Пакт за млади“ („Pact for Youth”), предложен од Европската Комисија, преку Европската бизнис мрежа за корпоративно-општествена одговорност (CSR Europe). Целта на оваа иницијатива е натамошно јакнење на партнерството меѓу компаниите и образованието заради зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе. „Ние веруваме во потребата за поинклузивна и одржлива Европа. За да го постигнеме тоа ние мораме да ја зајакнеме соработката меѓу јавниот и приватниот сектор во градењето на нови вештини и компетенции. Ние ќе го дадеме нашиот максимум во остварувањето на оваа цел“, изјави главниот извршен директор на Групацијата ТИТАН, Димитри Папалексопулос по повод потпишувањето на Европскиот „Пакт за млади“. Цементарница УСЈЕ има долга традиција во реализација на партнерски проекти и иницијативи наменети за поддршка на заедницата. Една од тие иницијативи од која придобивки имаат младите луѓе е проектот за практичната обука и стекнување вештини на ученици од техничките струки од средните училишта, што се спроведува веќе неколку години. Исто така, УСЈЕ веќе десет години по ред обезбедува стипендии за постдипломски студии за талентирани студенти, а во соработка со факултетите и студентските организации, редовно нуди можност за практична работа на голем број странски и домашни студенти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

