Контакт

Манифестации

Објавена програмата на ИТФ „Лица без маски“

Објавено пред

Мултимедијалната претстава „Плацебо“, на режисерката и корегорафка Ана Пампулова од Софија, Бугарија, на 12-ти септември, ќе го отвори годинешното седмо по ред издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ што ќе се одржува од 12-ти до 17-ми септември во Универзална сала.

dobivaj vesti na viber

Фестивалската програма годинава ќе понуди исклучителни квалитетни театарски преформанси предводени од европската и македонска независна продукција, најави Независната продукција „Театар 007“, која е организатор на фестивалот. 

На репертоарот се претставите „Јас сум вода“, на компанијата „Костелационе“, од Италија, чешката претстава „Соседи“ на режисерот Павел Штоурац, од театарот „Континуо“ која во изминатите години ја освои публиката на бројни европски и светски фестивали, како и првото гостување на театар од Грција на фестивалот, од компанијата „Арт и медија зона“, кои доаѓаат со претставата „Исмини и Калипсо“ во режија на Ефи Мерваглоу. 

На програмата е и претставата „Штом ќе се исполнат соништата, повеќе не можеш да живееш во нив“, на театарот „Лудум, Лудум“ од Белград, под режисерската палка на Петар Ристовски, истакнат театарски и филмски режисер од Србија. 

Ексклузивната програма на годинешното издание на фестивалот, во селекција на Игор Ивковиќ, театарски режисер, покрај гостувањето на европските независни театри, е зачинето со бројни македонски претстави. 

Како куриозитет, во натпреварувачката програма на фестивалот годинава е експресивниот буто танц на Васил Зафирчев, работен според книгата „Дневникот на Хулиганот“ на Сашо Димовски, каде покрај изведбата на претставата, ќе биде одржана и промоција на книгата. 

На програмата е и претставата „Три сестри“, на младата талентирана режисерка Теа Беговска, позната по експериментирањето на театарскиот простор. 

Чест и задоволство е годинава на програмата и во официјалната конкуренција да бидат и претставите „Виктор и Викторија“ на режисерот Војо Цветановски, работена за магистерскиот труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а секако импресивно е и гостувањето на независниот „Интимен театар“ од Битола, кои доаѓаат со претставата „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска. 

На последната вечер на фестивалот ќе се одржи уште една промоција. Станува збор за несекојдневната мултимедијална промоција на книгата „Стрмоглаво кон височините“, на авторката Марта Маркоска. 

Во чест на доделувањето награди, на последниот фестивалски ден „Театар 007“ ќе ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ.крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4...

Македонија2 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија3 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија4 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет5 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија5 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија6 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа8 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет8 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа8 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет9 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа9 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа9 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа10 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа10 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија20 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија22 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија1 ден

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...