Скопје
Започна есенската акција за садење дрвја на територијата на Скопје
Град Скопје од петок ја почна есенската акција за садење дрвја на територијата на градот. Во акцијата ќе бидат засадени вкупно 7.500 садници, од кои 5.000 садници по булеварите и во општините, 500 садници во дворовите на сите средни училишта, а 2.000 ќе им бидат доделени на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.
„Со засадувањето на овие 30 садници во дворот на СУГС „Васил Антевски – Дрен“, Градот Скопје ја почнаа акцијата за садење листопадни дрвја во сите средни училишта, а бројот на засадените садници ќе зависи од големината на нивниот училиштен двор. Градот Скопје во оваа акција во средните училишта планира да засади околу 500 садници“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Тој појасни дека оваа есен планираат по булеварите и во парковите да бидат засадени уште 5.000 садници, а во тек е и традиционалната есенска акција за доделување садници на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе им бидат доделени 2.000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП„Паркови и зеленило“, односно ќе бидат засадени вкупно 7.500 садници.
„Градот Скопје се грижи да се подобри животната средина и да се зачувува здравјето на граѓаните, и ние континуирано засадување нови дрвја на јавните површини, подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа“, истакна градоначалникот Трајановски на садењето дрвца во СУГС „Васил Антевски – Дрен“.
Во текот на изминативе години, односно од 2009 година до сега на територијата на градот се засадени околу 70.000 садници. Поголем број од новозасадените садници се од домашно произвоство, од расадниците на ЈП Паркови и зеленило и еден помал процент на садници кои се увезуваат од надвор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

