Европа
По Ница, во Франција една по друга се откажуваат манифестациите
Од Ла Буле на западот до Марсеј на југот, во цела Франција поради безбедноста еден по друг се откажуваат јавните настани по терористичкиот напад од Ница на 14-ти јули жртви, кога се одржуваше спектакуларниот огномет во чест на националниот празник.
Многу традиционални манифестации и културни настани се со намален обем, се одложуваат или се откажуваат, особено во Ница и околината, „поради безбедносни причини“, како што појаснуваат локалните власти.
Настанот „Prom’Party“ во Ница требаше да се одржува на 15-ти и 28-ми август, токму на Англиското шеталиште каде што беше извршен масакрот на државниот празник Денот на падот на Бастилја, и кој градот на Азурниот брег требаше да го претвори во огромен подиум за танц, го откажа градската власт.
Во Ла Буле поради „сличноста на шеталиштето покрај морето со шеталиштето во Ница“ градските власти одлучија да го откажат огнометот на 15-ти август „за да не ги изложуваат на опасност јавноста и своите службеници“.
Откажувањето на јавните настани во вторникот францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледиријан го оправда со ограничувањата во врска со „воената состојба“ поради борбата со тероризмот. „Сите мораме да сфатиме дека сме во таква состојба и дека тоа понекогаш со себе носи ограничувања“, додаде.
Градовите на југот од Франција масовно ги откажуваат собирите предвидени за август. Во Марсеј, каде што по масакрот во Ница од претходно беше откажан огнометот за 15-ти август, градските власти во понеделникот соопштија дека го откажуваат и аеромитингот на 13-ти август на кој се очекуваа 100.000 луѓе.
И во главниот град Париз се откажани проекциите на отворено, а градот Грас, на југоистокот, се откажа од традиционалната 70-та свеченост на јасминот, на која се очекуваа пет илјади посетители.
Во Авињон е откажана пиротехничката забава планирана за 25-ти август по повод годишнината од ослободувањето на градот, каде се очекуваа 30.000 посетители.
На 14-ти јули 31-годишен Тунижанец газеше со камион луѓе на Англиското шеталиште во Ница кои се собраа да го проследат огнометот по повод националниот празник, убивајќи 84 луѓе и повредувајќи вкупно 435. Напаѓачот косеше луѓе цели два километра по славното шеталиште пред да биде сопрен и застрелан од полицијата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.
Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.
Un septuagénaire a été emporté par une rivière en crue en Ardèche alors placé en vigilance orange pluie inondation. Seule la carcasse de sa voiture a été retrouvée. Plus de 110 sapeurs-pompiers et gendarmes sont mobilisés pour le retrouver.
🎥 @AlexMuffon 🎙️@TPallordet pic.twitter.com/IcZ4ykNrfj
— M6 Info (@m6info) November 17, 2025
Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.
Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.
17.11.2025#Italy
A state of emergency has been declared in the Friuli-Venezia Giulia region due to flooding and landslides.A landslide washed away three houses in Brazzano di Cormons. 150 mm of rain fell. Homes and infrastructure were flooded.There are fatalities.@vigilidelfuoco pic.twitter.com/AdMH2C0lse— Climate Review (@ClimateRe50366) November 17, 2025
Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.
фотo: принтскрин

