Европа
Оланд настојува да го сочува единството во Франција по убиството на свештеникот

Францускиот претседател Франсоа Оланд се обидува да го сочува единството на земјата на којашто ѝ се закануваат верски тензии, откако двајца џихадисти во вторникот убија свештеник во црква недалеку од Руан, собирајќи ги во средата претставниците на различните верски заедници, во моментот кога јакнат повиците да се зајакнат безбедносните мерки.
Еден напаѓач е идентификуван како Адел Кермише, од претходно познат на властите поради обидот да ѝ се приклучи на Исламската држава во Сирија. Тој, откако од Турција бил екстрадиран во 2015 година по неколку месеци минати од март годинава биле под електронски надзор во домашен притвор кој можел да го напушта од 8,30 до 12.,30 часот. Полицијата во средата уште го немаше идентификувано вториот напаѓач.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во Елисејскиот дворец се сретна со претставниците на различните религии кои од него побараа да ги зголеми безбедносните мерки на местата каде што се вршат богослужби и го истакнаа своето единство.
Ректорот на Големата џамија во Париз, Дали Бубакер, изјави дека муслиманите се „запрепастени“ од овој напад кој го нарече „богохулно светогрдие“,
Надбискупот на Париз, Андре Арман Вињ-Троа порача дека француските верници „не смеат да дозволат да бидат вовлечени во политичката игра“ на Исламската држава која „сака да крене едни против други децата од исто семејство“
„Од нападот на свештеникот се гледа што е целта: втурнување на Французите едно против други, напад на религија за да се предизвика верска војна“, изјави во вторникот премиерот Мануел Валс.
Оланд во средата одржа и состанок на Советот за безбедност и одбрана на кој се разгледани можните нови мерки за заштитата на местата на кои се вршат верски обреди
Во Франција живеат речиси пет милиони муслимани и половина милион евреи.
„Вистински ризик претставува радикализирање на дел од католичката јавност, којашто веќе се еден дел не е незанемарлив глас за Националниот фронт (крајно десната партија –з.р). А тоа е она што го посакува Исламската држава: поделба и судир меѓу муслиманите и католиците“, смета Одон Ваје, француски историчар на религиите.
Поранешниот француски претседател и лидер на конзервативната десница Републиканци, Николас Саркози, ги повика властите на порешителен одговор и спроведување на сите предлози на десницата за тоа дополнително да бидат заострени антитерористичките закони, Оланд тој предлог го отфрли, оценувајќи дека сегашните закони се доволни и истакна дека треба да се зачуваат слободите.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казнев го отфрли предлогот да бидат притворени сите лица за кои полицијата има сознанија дека се радикализирале, предупредувајќи дека тоа би било неуставно и неефикасно.
Франција во последните 18 месеци доживеа три големи терористички исламистички напада: 17 луѓе беа убиени во јануари 2015 година, а 130 беа убиени на 13-ти ноември лани во двата напада во Париз, а 84 луѓе беа убиени во Ница на 14-ти јули годинава./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.