Контакт

Регион

Кои се двајцата затвореници што Гвантанамо ќе бидат префрлени во Србија

Објавено пред

Двајца притвореници од затворот Гвантанамо на Куба ќе бидат префрлени во Србија, соопштил Стејт департментот, изразувајќи благодарност кон Србија поради „великодушната помош“, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„САД се благодарни поради тоа што Србија понуди хуманитарно преместување на двајца притвореници од американскиот притвор во Гвантанамо беј на Куба“, истакнале од Стејт департментот. Американското министерство за одбрана го објавило трансферот на Таџикистанецот Мухамадиј Давлатов и јеменскиот државјанин Мансур Ахмад Саад ал-Дафи, се наведува во соопштението.

Од Стејт департментот додале дека САД доста ја ценат „великодушната помош на Србија во моменти кога Вашингтон настојува со напорите да го затвори притворот во Гвантанамо беј“. „Овој значаен хуманитарен гест е во согласност со лидерската улога на Србија на глобалната сцена“, наведува Стејт департментот.

Ова е првпат во Србија да се испратат притвореници од Гвантанамо, каде после овој трансфер ќе останат 76 притвореници. Стејт департментот напоменува и дека секој трансфер е едногласно одобрен од министерствата и агенцијата на американската влада, а дека Србија се придружила на група од 30 земји кои од 2009-та година дале можност за преместување на преку 100 притвореници.

Американското министерство за одбрана навело дека САД се координирало со владата на Србија за трансферот да биде во согласност со безбедносните мерки и хуманиот трансфер на затворениците. The New York Times пишува дека ова се првите притвореници од Гвантанамо кои се префрлени во Србија, а од 76-те притвореници кои остануваат во затворот на Куба, 27 се на списокот за трансфер.

Двајцата затвореници кои се префрлени во Србија се уапсени на крајот на 2001-та година за време на војната во Авганистан и предадени на војската на САД која ги држеше во притвор без судење повеќе од 14 години, пишува њујоршкиот весник, кој наведува дека поинакви имиња на притворениците, од оние кои биле соопштени од страна на американската влада.

Според пишувањата на весникот, јеменскиот притвореник некогаш „веројатно бил војник од низок ранг поврзан со Ал-Каеда“, но го променил начинот на размислување во затворот, научил англиски и завршил курсеви потребни за да заврши средно училиште.

Вториот притвореник е државјанин на Таџикистан, кој чекал на трансфер од 2009-та година кога затворските власти заклучиле дека претставува доволно ниска закана, со што може да биде префрлен во некоја безбедна земја. Тој останал на Гвантанамо поради тоа што било заклучено дека не може безбедно да биде вратен во својата земја, пишува The New York Times./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Кос: На крајот од 2026 година, ЕУ нема да биде поголема, но ќе биде поблиску до проширување

Објавено пред

ЕУ ќе мора да ја искористи 2026 година за брзо да се движи кон амбициозно вклучување на Западен Балкан и Источна Европа во своите редови, или сегашната Комисија нема да има време за тоа при крајот на својот мандат, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.

dobivaj vesti na viber

Пред празниците, Кос разговараше со бриселскиот портал Политико за годината што завршува и нејзините очекувања за следната година.

„Ќе биде подобра (2026) од 2025 година“, рече Кос, инсистирајќи дека „дури и 2025 година беше многу успешна“.

Таа, исто така, рече дека во следните 12 месеци ќе бидат неопходни активности за да се обезбеди прием на нови членки на време.

„Зошто мислам така? Прво, тоа е геополитика. Второ, тоа е вистинското вклучување на некои земји-кандидатки“, изјави Кос за Политико.

Европската комесарка, исто така, рече дека не станува збор само за кандидатите, туку и за ЕУ ​​- дали може да се справи со предизвиците.

„Дали е добро за нашата безбедност, дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да! Дали ни треба Украина во ЕУ? Да!“, истакна Марта Кос.

Како што рече словенечката еврокомесарка, до крајот на следната година ЕУ „сè уште нема да биде поголема“, но „ќе завршиме поблиску“ до целта за проширување.

„Веројатно тогаш ќе ги завршиме сите преговори со Црна Гора“, рече Кос.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави за Политико дека напредокот на Црна Гора кон пристапувањето во ЕУ мора да се постигне во следната година, ако тоа треба да се постигне за време на мандатот на оваа европска комисија.

Милатовиќ рече дека е оптимист дека за време на шестмесечното претседателство на Кипар во ЕУ од 1 јануари, ќе се формира работна група под покровителство на Советот за изготвување на договорот за пристапување на Црна Гора.

„Тоа е навистина голем чекор. Тоа сигурно ќе значи дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во 2028 година“, рече црногорскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ: Дојдeте, стрелајте, направете го тоа, бидејќи во спротивно нема да можете да победите во Србија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на повиците за негова ликвидација со N1, пишуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тој на својот Инстаграм профил напиша:

„Тоа би бил единствен случај во историјата, стрелате во човек во чие време вработеноста беше на највисоко ниво, невработеноста на најниско ниво во историјата на Србија. Единствениот пат во историјата на Србија кога имавте стабилен девизен курс на националната валута. Го стрелате човекот во чие време, вашите плати беа највисоки во историјата. Пукате во човек во чие време вашите пензии беа највисоки во историјата. Пукате во човек во чие време беа изградени најмногу патишта. Го стрелате човекот во чие време беа изградени најмногу железници и брзи железници. Го стрелате човекот кој го изгради и го направи сето ова за вас. Со фактот дека вие, со најбесмислената реченица „тоа се наши пари“, се обидувате да релативизирате сè. Само не ме молите да бидам кукавица како вас и да носам превез на очите. Дојдете, пукајте, завршете го тоа, бидејќи поинаку нема да победите во Србија.“

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари

Објавено пред

Речиси 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил доцна во вторникот попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од речиси 2.045 евра на својата сметка за да може неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова година.

Се покажало дека човекот ги чувал парите во гардеробер, каде што имало и облека третирана со нафталински топчиња. Кога банкнотите биле внесени, тие имале кристали од репелентот, кој е многу токсичен и лесно запалив кога е изложен на топлина.

Банкнотите поминале низ машината за броење и, најверојатно, нафталинот се кренал во воздухот и влегол во клима-уредот. Оттаму, искра влетала во касата, но не ја забележале вработените во банката и парите во трезорот почнале да горат. Се појавил и чад, а откога касата била отворена и во неа влегол кислород, пожарот се разгорел.

Изгорела речиси 1/6 од вкупната сума во касата, која изнесувала приближно 102.264 евра. Нема повредени вработени. Пламенот бил изгаснат од пожарникари, а парите се осигурени. Износот на човекот што го депонирал – 2.045 евра – бил префрлен на неговата сметка – во евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа7 часа

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија8 часа

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ8 часа

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија10 часа

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија12 часа

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија13 часа

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија14 часа

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија14 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија15 часа

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ15 часа

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија16 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет17 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет19 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија19 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија1 ден

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ2 дена

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...