Контакт

Здравје

Подобрете го вашето здравје во 12 чекори

Објавено пред

Се чини дека секојдневно нови студии сугерираат нови начини за намалување на изикот од болести. Што јадите, што пиете, како се однесувате со другите, сето тоа влијае врз вашето здрваје. Пробајте ги ови едноставни и ефективни совети на екпертите и подобрете го вашето здравје

dobivaj vesti na viber

Јадете моркови – се намалува ризикот од рак

Студија објавена во журналот на Националниот институт за рак во 2012 година покажува дека каротеноидите (пигментите во морковот што всушност се антиоксиданти) може да го намалат ризикот од рак на дојките кај жените. Истражувачите проучувале податоци од 3.000 случаи и увиделе врска меѓу високото ниво на каротеноиди во крвта и ризикот од рак на дојка. Лаура Кипуло, препорачува јадење портокалова храна, но вели дека кародтени може да се внесат во организмот и со јадење, жолчка и брокула, но и спанаќ.

 

Исправете се – да ја избегнете болката во вратот

Држете ги рамената назад, а главата исравено, со што нема само да придонесете за своето здравје, туку и ќе изгледате поубаво. Според д-р Дејвид Гиер, ако сте подведнати во горниот дел од телото, предизвикувате притисок во мускулите на рамената, што предизвикува болка. За да знаете дека држењето на телото ви е исправено и кога стоите, проверете го тоа во огледало. Свртете се на страна и погледнете дали замислената линија поминува точно низ средината на вашето уво, рамо, колк и глужд. Ако таа линија е права, тогаш знајте дека држењето ви е правилно.

 

Одете во кругови за да го намалите стресот

За намалување на стресот се препорачуваат медитации или јога, но активните луѓе не сакаат многу да седат на едно мсето. Затоа експертите препорачуваат прошетки, но не од оние во еден правец, или враќање по друга патека. Препорачуваат одење низ лавиринт, или бавно одење по кружна патека. Тоа доведува до психичко смирување, поради повторувањето на истите слики. Студија објавена во журналот за зависности, покажува дека ваквиот начин на пешачење помага во намалување на крвниот притисок, по само една до шест недели движење во лавиринт.

 

Избегнувајте ги тв каналите за храна

Ако сакате да намалите килажа не гледајте емисии во кои таа се приготвува, а особено треба да го избегнувате каналот во кој 24 часа се готви. Многумина кои гледаат храна го поттикнуваат организмот и сам да побара храна, иако штотуку станале од маса. Според студија објавена во весникот за прекумерна телесна тежина во јануари 2012 година, научниците покажале дека се зголемува хормонот грелин, кој го регулира чувството на глад, откако на учесниците во истражувањето им покажувале фотографии од храна. Кипуло вели дека треба да се исклучи телевизорот додека јадете, а, пак, доколку гледате омилено шоу за приготвување храна тогаш в рака имајте пенкало и хартија да запишете рецепт, а не грицки.

 

Пијте зелен чај и намалете го ризикот од рак на дигестивниот систем

Заменувајќи го кафето со шолја зелен чај може да го намали ризикот од рак на системот за варење , според истражувачите кои ја направиле студијата за женско здравје во Шангај. Според нив, пиењето чај најмалку трипати неделно во рок од шест месеци го намалува ризикот од рак за 17 отсто. Жените кои пијат зелен чај два-трипати дневно тој ризик го намалуваат за 21 отсто.

 

Станете, за помал обем на струкот

Седењето во подолги периоди во текот на денот без пауза доведува до таложење на мастите околу половината, со што се намалува и нивото на добриот холестерол во крвта. Студија објавена во Европскиот весник за срце во јануари 2011 година покажува дека ако станете од столицата барем на една минута неколкупати дневно го чува вашето срце и обемот на струкот. Дури и оние кои долго седат ќе имаат помал обем на струк и ниско ниво холестерол ако често прават куси паузи (колку повеќе паузи, толку подобро). Стоењето од една минута ги намалува негативните ефекти од седењето. Експертите препорачуваат ако имате можност набавете маса што се крева, па одреден дел од денот работете на компјутер станати. Или, сместете го лаптопот врз фајловите на полиците. Секако, место да пратите маил до колегите од другата канцеларија појдете до таму да ги информирате. Пијте вода, многу, за да мора да одите во тоалет почесто.

 

Чистете ги забите со забен конц за здраво срце

Чистењето заби со конец е поврзано со генералното здравје, но и спречува бактериите од вашата уста да навлезат во крвотокот и да предизвикаат инфекции, дури и ендокардитис (воспаление на кошулката на срцето), што е болест опасна по живот. „Чистењето на забите со конец ја отстранува и бактеријата од празнините, не само храната“, велу Санда Молдован, стоматолог. Таа препорачува еднаш дневно да се чистат забите со конец, не почесто, затоа што може да ја истенчите глеѓта од забите. „Неодамнешна студија покажа дека оние кои ги чистат забите со конец живеат пет до седум години подолго од оние кои не го прават тоа“, додава Молдован.

 

Сушете ги рацете по и миењето

Не е доволно само да ги измиете рацете откако сте биле во тоалет, треба и квалитетно да ги исушите, за да ги уништите сите бактерии, вели Мајкл Шмит, лекар. „Водата е одличен преносител на најразлични микроорганизми, особено од суви површини во јавните тоалети, на мокри раце“. Ако ја фатите кваката од вратата од тоалетот со влажни раце, имате големи шанси повторно да ги контаминирате. Студиите покажале и дека хартиените бришачи се многу подобри од електричните сушачи. Најдобро е да ги измиете рацете со сапун и вода и ако нема хартиени бришачи, сушете ги со електричен фен колку можете повеќе.

 

Правете вежби за ментален одмор

Според журналот на Психијатриска пракса, луѓето треба да земат ментален одмор, што доведува до смирување. Бројни извештаи покажуваат дека медитациски терапии, во комбинација со традиционални терапии имаат поголем ефект во ослободување од болката и други психијатриски симптоми. Според една студија објавена во весникот на Американската асоцијација за срце, покажала дека афро-американците имаат 48 отсто помали шанси за срцев удар ако практикувале трансцедентални медитации.

Еден терапевт препорачува да седнете на подот да ги затворите очите да вдишите додека броите до два, а да издишите броејќи до три. Повторете  го тоа десет пати, потоа фокусирајте се на стапалата од нозете, на ѕидот спроти вас и на таванот и повторете по десет пати за секое. На крај уште една серија од десет направете фокусирани на стапалата. Потоа полека отворете ги очите.

 

Една шолја кафе за подолг живот

Вашето утринско кафе може да ви помогне да живеете подолго, споед истражувачите од Националниот институт за рак. Во истражување на 400.000 мажи и жени на возраст од 50 до 71 одина, се покажало дека оние кои пиеле кафе имале помали шанси да умрат од срцеви болести, удар, диабетес или инфекција, без разлика дали пиење кафе со или без кофеин. Споредено со ние кои не пијат кафе, оние кои пијат две до три шолји кафе имаат 10 отсто помали шанси за смрт./крај/мф/бб 

 

Забава

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Објавено пред

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.

dobivaj vesti na viber

Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.

Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.

Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.

Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.

Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.

Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.

Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.

Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.

Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.

Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.

Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.

Прикажи повеќе...

Забава

Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Објавено пред

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.

dobivaj vesti na viber

Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.

Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.

Летно диетално мени

Понеделник:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 интегрален тост со сирење

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко

Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај

Вторник:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед

Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук

Среда:

Појадок: 1 чаша билен чај, тост

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: 1 чаша крем супа од печурки

Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал

Четврток:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка

Петок:

Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 30 грама ореви

Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко

Сабота:

Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков

Ужина: 1 шолја зелен чај

Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 јаболко

Вечера: 200 г варен зеленчук

Недела:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце

Ужина: 1 чаша сок од портокал

Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.

Прикажи повеќе...

Забава

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Објавено пред

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.

dobivaj vesti na viber

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.

Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.

Состојки:

– 1 лимон

– 60 г магдонос

– 60 мл вода

Подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.

Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.

Ќе забележите резултати по само еден месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет4 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет7 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија8 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет9 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет9 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија11 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија11 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија11 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија11 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија12 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија13 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија13 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет14 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија14 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија1 ден

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет1 ден

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија1 ден

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија1 ден

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...