Скопје
Прославен Денот на општина Центар
Скопската Општина Центар во вторникот одбележа 39 години од воспоставувањето, со желбите и заложби на градоначалникот Андреј Жерновски, општината да биде „зелена, модерна и чиста“ општина.
Дваесет иеден најталентиран и најдобар ученик добија стипендии од Општината, а наградени беа и учениците на конкурсот за најдобра фотографија, ликовен цртеж и литературен состав.
„Општина Центар ќе продолжи да ги наградува младите таленти, бидејќи тие се нашата иднина. Она што е најважно за сите е да ја сакаме општината“, рече градоначалникот Андреј Жерновски, на прославата по повод Денот на општината, која се одржа денеска во основното училиште „Димитар Миладинов“.
Роденденот на општината беше и повод за потсетување на сработеното и на најзначајните проекти кои ја одбележаа изминатата година: отворање на новата, најсовремена и најголема градинка во Македонија, „Кочо Рацин“; изградба на нови детски игралишта; отворање на „Боемската илица“, реконструкција на улици и тротоари, проектите „Цел Центар на точак“ и „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“./.крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

