Компании
оне.Вип ги прогласи најдобрите фотографии на ФотоНаНеделата
оне.Вип во соработка со македонската Инстаграм заедница ги прогласи најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најпопуларниот хаштаг во Македонија на кој веќе повеќе од една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојденвно ги тагираaт своите најдобри фотографии на Инстаграм.
На завршната изложба што се одржа во четврток во просторот на кафулето Concept37, беа изложени фотографиите на сите 54 победници, а најдобрите четири ги добија : @dorchek за најдобра фотографија изгласана онлајн, @blazevskimarko за најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, @nikagavrovska за најдобра фотографија избрана од жирито и @anaumceski за најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 3.500 инстаграмџии кои на своите профили досега објавија, над 40.000 фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија #ФотоНаНеделата еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија која постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 60тина интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата и сите се објавени на www.fotonanedelata.mk. Овој проект не остана незабележан ниту во регионот, па така на регионалниот маркетинг настан “Weekend Media Festival “ во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, #ФотоНаНеделата беше награден со SoMo Borac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)