Наука
Сондата Dawn стигна во орбитата на џуџестата планета Церера
Меѓупланетарната сонда Dawn (Мугра) во петокот го заврши своето патешествие до џуџестата планета во Сончевиот систем наречена по римската божица на плодноста Церера, која се наоѓа во астероидниот појас во кој е и најголемото тело, меѓу планетите Марс и Јупитер, и навлезе во нејзината орбита, објави американската Национална агенција за аеоронаутика и вселенски истражувања NASA.
„Вселенскиот апарат на NASA, Dawn стана првиот кој ја достигна орбитата на џуџестата планета“, се вели во соопштението на агенцијата. Тоа се случило во петокот во малку по 13 часот по македонско време, но потврдата на сигналот на Земјата била примена многу подоцна.
Првите снимки од планетата Церара леталото ги испратило во четвртокот, се истакнува во соопштението објавено на мрежната страница на NASA, и тие се направен од височина од 46 илјади километри. На нив јасно се забележуваат кратери на површината од вселенското тело. По проучувањето, кратерите исто така ќе бидат именувани според боговите на плодноста од другите древни митологии. Снимките веќе предизвикаа прашања меѓу научниците, како што е на пример појавата на еден од кратерите на две јасно видливи светли точки чиешто потекло е непознато.
„Проучувањето на Церера да направиме историска истражување коешто ќе овозможи да разбереме какво бил Сончевиот систем во најраната фаза од својот развој“, вели директор на одделот за планетарни истражувања во NASA, Џим Грин. Според него, податоците коишто ќе ги добијат научниците ќе им овозможат да дознаат попрецизно од досега како се формирал нашиот планетарен систем. Покрај тоа, некои од научниците не исклучуваат дека под површината на планетата можно е да има замрзнат океан.
Сондата Dawn е лансирана во Вселената во 2007 година. Во 2011 година леталото ја достигна орбитата на астероидот Веста и следните 14 месеци собираше податоци за него. Толкав период уредот треба да мине во проучување на Церера.
Dawn не само што е прв во историјата апарат кој влегол во орбитата на планетата Церера, туку е и првиот кој успеал да направи два орбитални прелета околу два објекта во Сончевиот систем. Од NASA истакнуваат дека истражувањата на Веста и на Церера ќе биде многу значајно и за сфаќањето како се формирале планетите во Сончевиот систем.
Американските научници сметаат дека за време на мисијата на Dawn, којашто формално би требало да заврши во 2016 година, ќе им го даде одговорот на загатката за „белите петна“ на Церера. Проектот Dawn, кој NASA го истакнува како единствен, чини околу 473 милиони американски долари./крај/мс/сн
Извор: NASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Наука
Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување
Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.
Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.
Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.
Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.
Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.
Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.
Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.
Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.
Наука
Балканот ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа, ниту на Mакедонија не ѝ се пишува добро
Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?
Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.
На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.
Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.
Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.
Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.
Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.
Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.
Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.
Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.
Наука
Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената
Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.
О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.
Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.
Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.
Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.