Европа
Исламската држава ја презема одговорноста на нападот во црква во Франција

Екстремната сунитска организација Исламска држава ја презема во вторникот одговорноста за нападот во црквата на северот од Франција, во кој беше убиени 84-годишен свештеник, а уште едно лице е тешко повредено.
Објавата на Исламската држава следеше кусо по нападот преку новинската агенција Amаq којашто се смета за блиска до оваа џихадистичка групација, и во неа се наведува дека двајцата напаѓачи биле нејзини „војници“.
Нападот, се додава, бил одговор на повиците на терористичката организација да ги напаѓаат државите кои учествуваат во меѓународната коалиција предводена од САД која „води војна против Исламската држава“ во Сирија и во Ирак.
„Соочени сме со Исламската држава, којашто ни прогласи војна. Мораме да ја водиме оваа војна со сите средства, почитувајќи ги правата по коишто сме демократија. Терористите сакаат да нé разделат“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Најави дека во вторникот вечер ќе се сретне со надбискупот на Нормандија, по што ќе има средба со челниците на сите конфесии во земјата. „Нападнати се сите Французи. Затоа мораме да останеме единствени, заедно, во заедништво кое никој нема да може да го разбие“, порача Оланд.
Нападот се одигра јужно од градот Руан, во црквата Сен-Етјен-ду-Рувре“. На свештеникот Жак Амел, ракоположен за свештеник уште во 1958 година, му беше пресечен гркланот, а уште еден заложник е во критична состојба,. Напаѓачите беа убиени од полицијата.
Еден од напаѓачите наводно од претходно ѝ бил познат на полицијата. Се обидел да замине во Сирија во 2015 година и враќето во Турција бил уапсен поради сомневање дека е поврзан со терористичка мрежа. Пуштен бил со електричен надзор, живеел со родителите и имал право да ги напушта домот од 8.30 до 12.30 часот, изјавил за AFP извор близок на истрагата. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.