Политика
Милошоски: Колку повеќе глума на прес-конференциите на СЈО, толку помалку докази
Специјалното јавно обвинителство работи како политичко тело, во служба на СДСМ, а случаите кои ги презентираат се без докази, изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес – конференција.
„Граѓаните треба да знаат дека театралните прес конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостатокот од аргументи. Театралните прес конференции на СЈО имаат исто така цел да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група на граѓани. Се разбира настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостатокот од политичка програма и платформа на СДСМ. Да не настапуваше СЈО на такви театрални прес конференции СДСМ немаше да биде присутен во политиката јавност во изминатиов период. Очекуваме дека и во иднина тие ќе настапуваат на ваков политички начин. Театралните прес конференции сигурно немаат за цел да направат правна разврска на случаите бидејќи дури после поднесеното барање за отворање на истраги од Специјалното обвинителство би се знаело дали навистина постојат некакви докази за оформување на обвинителни акти“, изјави Милошоски.
Според него, втората цел на „театралните“ прес-конференции на СЈО е да го покријат непостоењето на докази.
„Значи колку повеќе шминка и колку повеќе глума на прес конференциите на СЈО толку помалку докази и аргументи за случаите што ги пласираат политички“, рече Милошоски. Тој додаде дека Специјалното обвинителство станало карикатура со тоа што Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева арогантно ги повикала најпрвин обвинителите не положат заклетва пред Советот на јавни обвинители, во обвинителството се вработувале синови, ќерки, братучеди на обвинителите, како и прогласувањето на Парламентот, Претседателот и Уставниот суд за нелегитимни.
Милошоски вели дека Специјалното јавно обвинителство во десетици случаи покажало непознавање на законите и нивно заобиколување.
„Најеклатантен пример е поткупот од 100 000 евра кој вработен во МВР го нудел на едно лице за истото да даде невистинита изјава во полза на политизираните случаи на СЈО. За овој случај веќе е поднесена кривична пријава од МВР. Не помалку страшно е што биле упатувани и закани кон судии и кон други вработени во обвинителство или други институции , кои што исто така беа пријавени. Дека заканите и недоличното однесување за Катица Јанева не се нешто ново, се потврди и кога од страна на СЈО беа вршени притисоци врз судот преку објави на социјалните мрежи дека била испуштена историска шанса, судот да се запише во историјата, само заради тоа што не изрекол барање мерка притвор, кое што било доставено од СЈО. При што тоа значи грубо мешање во надлежноста на одлуките на било кој суд“, додаде Милошоски.
Според него, во последно време судии се повикуваат во некои странски амбасади и им се врши притисок како да судат и да даваат притвори и други истраги по барање на СЈО. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.