Европа
Француските медиуми поделени околу тоа дали треба да се објавуваат имињата и фотографии на терористите
Во Франција, каде што политичарите и интелектуалците поведоа расправа дали треба да се објавуваат имињата и фотографиите од извршителите на терористичките напади, некои медиуми во средата одлучија дека тоа нема да го прават во иднина.
Дневниот весник Le Monde објави дека повеќе нема да објавува фотографии од извршителите на масакри „за да ги спречи евентуалните последици од нивното величење по смртта“, изјави директорот Жером Феноглио во воведникот.
Иста таква одлука донесе и телевизиската мрежа за целодневно информирање BFM TV, чиј уредник на вестите Ерве Беруд изјави за AFP дека „фотографијата може на исто ниво да ги стави жртвата и терористот“.
И радиото Europe 1 донесе одлука дека повеќе нема да ги објавува имињата на напаѓачите, а католичкиот весник La Croix повеќе нема да ги објавува нивните фотографии и презимињата. Радиото RFI и телевизиската мрежа France 24 одлучија дека во иднина нема да се објавуваат фотографиите, а со „користењето на имињата ќе бидат извонредно претпазливи“.
„Многу сторители се психички нестабилни и медиумската слава на нив делува поттикнувачки. Затоа треба да биде ограничена нивната присутност во медиумите“, оценува психоаналитичарот Фети Бенслама кој го поддржува криењето на идентитетот на напаѓачите.
„Војната против тероризмот се води на медиумски и на психолошки план. Еден од најголемите мотиви за сторителите на нападите е дека ќе станат познати во јавноста и признати од еден нејзин дел. Пред смртта тие оставаат траги и мечтаат за светска слава“, вели Бенслама за AFP.
Ваквото мислење го прифати и дел од француската јавност, петиција со којашто се бара „медиумска анонимност за терористите“ собра до средата 75.000 потписи, една седмица откако беше покрената.
Телото за надзор на медиумите во Франција – CSA, забрзано работи на кодекс на однесување „во аудиовизуелното известување за терористичките напади“.
Во таа расправа „треба, исто така, да се води сметка да не се оди на штета на информирањето“, предупредува Беруд. Така BFM TV и натаму ќе ги објавува имињата на напаѓачите.
Дневниот весник Liberation објави дека сметаат оти „објавувањето на фотографиите на терористите не е исто што и нивно величење. Dabiq (онлајн списанието на Исламската држава) ги глорифицира“.
Агенцијата France-Presse (AFP), пак, смета дека нејзин принцип „и натаму мора да биде информативна вредност на текстот или фотографијата: во овој случај, името и фотографијата на извршителите на нападите се информација којашто не сакаме да им ја ускратиме на 5.000 наши корисници во светот, кои потоа може да одлучат дали ќе ги користат нив“, изјави директорката за информирање Мишел Леридон./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.

