Компании
Apple ги претставува новите уреди
Американската технолошка корпорација Apple подоцна во понеделникот ќе ги претстави најновите модели на своите уреди кои сé уште се чуваат во најголема тајност, меѓутоа познавачите во САД се согласни дека станува збор за новиот паметен телефон iPhone se и за таблетот iPad Pro.
Презентацијата е закажана за 10 часот по времето на Западниот брег на САД, односно 18 часот по македонско време, во седиштето на компанијата во Купертино, во сојузната држава Калифорнија, на која уште од пред две седмици од Apple ги поканија водечките технолошки експерти и новинари на американските медиуми кои се специјализирани за новините од областа на технологијата. Во салата во којашто ќе се одржува презентацијата има само 300 места, забележуваат медиумите, но она што ќе се случува во неа ќе може да се следи преку интернет. Се истакнува, исто така, дека во минатото компанијата за вакви прилики користеше многу поголеми простори.Повеќето американски медиуми кои се посветени на светот на високите технологии, пишуваат дека речиси е сигурно оти главниот настан ќе биде презентацијата на новиот паметен телефон iPhone со екран во дијагоналата од 10,16 сантиметри. Според авторитетните мрежни ресурси The Verge и 9to5Mac, уредот ќе биде во два модела наречени iPhone se, а не iPhone 5se како што пишуваа медиумите претходно. Тој ќе биде првенствено наменет за љубителите на производите на Apple кои би сакале попродуктивни апарати, но со помали димензии отколку што се најновите модели iPhone 6s и iPhone 6s Plus, со дијагонала на екраните од 12, односно 14 сантиметри.Според димензиите, новиот iPhone практично ќе биде ист како моделот iPhone 5s, но според сознанијата на агенцијата Bloomberg, ќе биде и како iPhone 6s, односно зајакнат со процесорот Apple A9. Главната камера ќе има резолуција од 8 мегапиксели, а фронталната 1,2 мегапиксели. Притоа екранот на iPhone se нема да ја поддржува технологијата 3D Touch, која беше имплементирана на моделот iPhone 6s. Таа му овозможува на уредот да реагира на дејствијата на корисникот во зависност од силината со која го допира екранот.Се очекува дека новиот уред ќе биде претставен во четири бои, и тоа златна, розова, сребрена и сива. Неговата цена во САД би се движела околу 450 долари.Според прогнозите на блогот The Verge, Apple, исто така, ќе го презентира и најновиот модел на таблет компјутерот iPad, кој ќе дојде како замена за iPad Air 2, кој беше претставен во САД во октомври 2014 година.Претходно медиумите пишуваа дека уредот ќе биде именуван како iPad Air 3, но според последните информации, во Apple решиле да го наречат iPad Pro. Новината, според сознанијата на 9to5Mac, е во тоа што овој модел ќе биде опремен со екран со 25 сантиметри во дијагоналата, со процесорот Apple A9X, како и со камера со резолуција од 12 мегапиксели, и ќе биде понуден во две варијанти: основна, со меморија од 32 гигабајти, и „напредна“ со 128 гигабајти меморија,Цената на iPad Pro во САД, според процените на експертите од технолошкиот сектор, нема да биде помала од 599 долари. Тој ќе го поддржува „моливот“Apple Pencil, како и преносната тастатура Smart Keyboard, којашто, како што се очекува, исто така ќе биде претставена во понеделникот.Според порталот Appleinsider, компанијата, исто така, може да ги претстави новите варијанти на дизајнот на новите паметни рачни часовници Apple Watch со функции како кај компјутер. Истовремено, не станува збор за „втората генерација“ на уредот, којашто се очекува дека ќе биде презентирана во септември годинава. Не е исклучено во Купертино сега да бидат претставени и нови програми и сервиси на Apple.Според мислењата на експертите, Apple е премногу зависна од побарувачката на уредите iPhone, на што отпаѓаат две третини од нејзиниот севкупен приход. Вкупната продажба на различните верзии на iPhone во почетокот на минатата 2015 година изнесуваа над 590 милиони уреди, кои на Apple му донеле приходи од над 155 милијарди долари. Челникот на корпорацијата Тим Кук претходно изјави дека очекува во иднина да се зголеми побарувачката на iPad уредите, како и зголемување на добивката од различните сервиси, вклучително и од музичкиот Apple Music.Основана во 1976 година, компанијата Apple произведува, покрај уредите iPhone I Pad, и музичките плеери iPod, лаптопи и десктоп компјутери iMac, и друга опрема. Корпорацијата е една од најголемите во светот, нејзината пазарна капитализација надминува 530 милијарди долари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

