Компании
Почна со работа американската КСС во Кичево
Во Технолошко-индустриската зона во Кичево, во среда, со пригодна свеченост беше одбележан почетокот со работа на фабриката за производство на воздушни перничиња за светски марки на автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“.
Во Технолошко-индустриската зона во Кичево, во среда, со пригодна свеченост беше одбележан почетокот со работа на фабриката за производство на воздушни перничиња за светски марки на автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“.
Оваа странска инвестиција е уште една потврда за успешноста на реформите за подобрување на деловната клима и поволностите за деловните субјекти, бидејќи набрзо по потврдата на инвестицијата во Македонија, започна со реализација на својот бизнис план. Најпрво во браунфилд објект во центарот на Кичево, со почетна инвестиција од 15 милиони евра, каде започнаа и првите вработувања, а паралелно со браунфилд инвестицијата се градеше и производствениот погон со површина од 13.600 метри квадратни во ТИРЗ Кичево.„Присуството на американската компанија КСС е значајно како за локалната, така и за нашата економија во целост, бидејќи станува збор за сериозна компанија со светско реноме, со 34 фабрики во 12 земји, со проектиран извоз околу 70 милиони евра, со што ќе се вброи во фабриките на странските инвестиции кои произведуваат 36 отсто од вкупниот македонскиот извоз. Покрај ова, бројот на вработени постојано се зголемува, па од 72 лица, колку што беа на почетокот, во браунфилд објектот, бројот се зголеми на 230 лица и треба да достигне до 1000 работни места во наредниов период, според бизнис планот на овој реномиран инвеститор. Само би потсетил дека лани влезот на странските инвестиции во Македонија резултираше со нови 6.700 вработувања“, рече министерот за економија Беким Незири.Раководството на компанијата најави дека со овие вработени ќе произведуваат приближно три милиони парчиња оваа година, односно шест милиони во 2017 година. „За нашите производи од витално значење е непрекинато да се исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и ќе ја вклучиме македонската фабрика во развојот на вакви производи. Со официјалното отворање на нашиот нов погон, КСС прави голем чекор кон подобрување на конкурентноста. Производите што ги произведуваме се едни од двете клучни компоненти што се користат за производство на воздушни перничиња. Овие компоненти досега беа купувани од сестринските компании или од надворешни добавувачи од кои најголем дел имаат свои фабрики на другите континенти“, рече претставникот на КСС, Рауф Гаспари. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека отворањето на производствениот капацитет на КСС во Македонија е уште една потврда дека резултираат напорите на Владата да стане дестинација за голем број странски инвеститори. „Со оглед на тоа дека производството на компаниите што инвестираат во зоните е наменето за извоз тоа го помага директно македонскиот извоз кој во минатата година достигна рекордно ниво од над 4 милијарди евра, од кои 1,5 милијарди евра е извоз од компаниите што произведуваат во слободните економски зони“, рече Ставрески.Додаде дека воедно во 2015 година производството на моторни возила е зголемено за 37 проценти во однос на 2014, што претставува највисок раст во споредба со останатите гранки што го сочинуваат индустриското производство.Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо рече дека фабриката на КСС, која е прв производствен погон во зоната во Кичево и поголема инвестиција во тој регион, покрај најавените илјада директни вработувања, ќе придонесе и за индиректни вработувања, за развој на регионот, примена на нови технологии и за подобрување на трговската размена на државава во странство. „Во погонот во Кичево ќе произведува воздушни перничиња, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за реномирани производители на автомобили како ’шкода’, ’фолксваген’, ’тојота’, БМВ, ’порше’, ’јагуар’“, рече Мизо. На пуштањето во употреба на фабриката на КСС присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и неколку пратеници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

