Компании
Адора инженеринг додели бесплатно школување на Универзитетот Американ Колеџ
Аида Чкалеска-Костова, купувач на стан од Адора инженеринг е добитник на вредната награда целосно бесплатно школување на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Наградата ја освои во наградната игра „Купете стан, освојте школување“ што градежниот бренд ја организира за купувачите на станови и деловни простории во март по повод Саемот на недвижности RealExpo 2016 во Скопје. По јавното извлекување во Американ Колеџ, семејството Костови, видно возбудени и изненадени изјавија дека оваа прва награда што ја добиваат во животот е повеќе од добредојдена и ќе ја искористи синот Филип, кој по завршување на средното образование со ваучерот за додипломско образование ќе се запише на еден од факултетите на Американ Колеџ. „Целта на овој благороден проект, што го реализираме во соработка со Американ Колеџ е заедно да изградиме похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Традицијата на општествено одговорна компанија е дел од корпоративниот идентитет на Адора инженеринг, која успехот како најголем инвеститор во високоградбата и изградените 2.600 домови досега, години наназад го дели со заедницата и граѓаните. Наградата целосно бесплатно додипломско или последипломско школување на Американ Колеџ е уште една потврда дека градежниот бренд Адора инженеринг секогаш на своите купувачи им нуди повеќе од сигурен, квалитетен и економичен дом, возвраќајќи им за довербата и лојалноста со изненадувања и награди, како што е обезбедената едукација за посреќна иднина на купувачите и нивните семејства, а со тоа и за попросперитетна иднина на Македонија“, порача на извлекувањето на наградата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кој изрази надеж дека нивниот пример на успешно партнерство со Американ Колеџ, ќе го следат и други субјекти во Македонија. „Со подадената рака кон универзитетот и пред сè кон идните студенти, како хуман гест и алтруистички потег, Адора инженеринг праќа порака до заедницата дека својот бизнис успех може и сака да го сподели со другите, за што потврда е примената на високите градежни стандарди во објектите кои ги гради во однос на енергетската ефикаснот како глобален тренд во архитектурата и градежништвото и стипендирањето на купувач на стан за школување на Универзитетот Американ Колеџ. Потврда за општествената одговорност е залагањето на компанијата за високите стандарди како во градежништвото, така и во високото образование“, порача во своето обраќање проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн на Американ Колеџ, што со поддршка на Адора инженеринг ја организира Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид за изградба на квалитетни и образовани кадри во Македонија. Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и во иднина продолжуваат со реализација на проекти за поддршка на образованието, науката, спортот, културата и хуманите активности од интерес на граѓаните и заедницата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

