Надворешна политика
Адеми-Ерјавец: На Македонија и се потребни демократски и кредибилни избори
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми во среда престојуваше во прва официјална посета на Република Словенија.
Во рамки на посетата тој се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец.За време на средбата соговорниците се осврнаа на билатералната соработка помеѓу двете земји за која беше оценето дека е на исклучително високо ниво и дека двете земји имаат стратешко партнерство кое се карактеризира со континуирана поддршка за процесот на ево-атлантска интеграција на Македонија. Исто така беше заклучено дека постојат услови за понатамошно продлабочување на соработката во сферата на економските односи и трговските односи.Во однос на актуелната политичка состојба во земјава, двајцата соговорници потенцираа дека е од исклучителна важност во наредниот период и особено наредните неколку денови, да се преземат сите неопходни активности за надминување на моменталната состојба. Соговорниците се согласија дека на Македонија и се потребни демократски и кредибилни избори, во насока на политичка разрешница и фокусирање на имплементацијата на Итните реформски приоритети, односно продолжување на евро -атлантската траекторија.Во однос на миграциската криза беше истакната позитивната и конструктивна улога на Република Македонија во справувањето со истата и нејзиниот придонес за спречување на обидите за нелегален премин на македонско -грчката граница. Улогата на Македонија беше оценета како многу значајна и како јасен придонес кон сеопштиот план на ЕУ за справување со миграциската криза.Соговорниците се осврнаа и на значењето на добрососедските односи и регионалната соработка, особено и во контекст на Берлинскиот процес, реализацијата на договорените мерки во Виена и подготовките на Парискиот самит. Беше потенцирано дека билатералните спорови не треба да ги попречуваат земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.Во рамки на посетата на Словенија, вицепремиерот Адеми оствари работна средба и со Дарја Бавдаж Курет, државен секретар во Министерството за надворешни работи и со нејзиниот тим. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.