Компании
Овогодишното издание на Саемот за мебел во рекордни 11 хали на Скопски саем

Меѓународниот саем за мебел, кој оваа година го одбележува своето 42. годишно постоење, ќе се одржи од 22-ри до 27 март на Скопски саем.
Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко. На овогодинешниот Саем за мебел ќе се претстават 400 странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 10.000 изложени парчиња на мебел, за првпат во рекордни 11 саемски хали. „Меѓународниот саем МЕБЕЛ, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко, која е запаметена и со нетрпение очекувана заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание“, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Прима слави јубилеј – 30 години постоење

Колкав број фирми можат да се пофалат со 30-годишен јубилеј, кој дополнително е обележан со постојан раст и развој? Кога на тој податок ќе го додадеме и оној дека станува збор за регионален „играч“ кој постојано го зголемува бројот на земји низ кои се шири, тогаш е јасно дека станува збор за сериозна фирма. Се разбира зборуваме за Прима која е водач во производството на мебел во Хрватска и со проширена мрежа на свои продажни салони во Македонија.
Во нејзиното 30-годишно постоење, Прима од мала производствена единица, со добра визија, идеја, волја и работа, прерасна во име кое во себе ги има инкорпорирано квалитетот, современиот начин на живеење, дизајнот и потребите на потрошувачите. А сето тоа значи квалитетно изработен мебел во сега веќе неколкуте фабрики лоцирани во Хрватска користејќи само внимателно одбрани материјали. Но Прима не би била тоа што е, доколку мебелот не е и внимателно издизајниран од дизајнери кои секогаш будно ги следат новите трендови во светот на дизајн на ентериер и кој во своите визии ги внесуваат најдобрите решенија.
Но во својот развој, Прима е пионер во проширувањето на дејноста во салоните каде што последниве години нуди неколку нови услуги кои им излегуваат пресрет на
потрошувачите и нивните потреби, како: дизајн на ентериер, дизајн на кујни по мерка, 3Д-планирање кои нивните дизајнери и архитекти ги решаваат заедно со клиентите нудејќи на тој начин индивидуален пристап и најсоодветни решенија.
Прима секогаш имала желба да им се приближи најмногу на своите потрошувачи со тоа што го најдува соодветниот простор за своите салони во сите поголеми градови, а во скоро време и својот web-shop кој овозможува преглед и нарачки од својот дом.
Тука се и услугите: мерење, 3Д-планирање, превоз и монтажа на нарачаниот мебел и најважното: удобноста и уживањето во кое секој оној што ги користи мебелот на Прима може со 100 % сигурност да го потврди.
Овој 30-годишен јубилеј постоење, Прима ќе го прослави нудејќи топ попусти на 30 артикли од својот богат асортиман.
Погледнете повеќе на следниот линк : https://www.prima-mebel.mk/30-artikli-po-top-ceni или посетете ги салоните на Прима.
(ПР)
Економија
Кроација осигурување носи сигурност поблиску до вас: две нови филијали во Скопје

Компанијата Кроација осигурување со гордост најавува отворање на две нови филијали во главниот град. Новите локации се наоѓаат во двете најдинамични и растечки населби во Скопје – Карпош и Аеродром. Филијалата во Населба Карпош се наоѓа на Булеварот Партизански одреди бр. 109, додека филијалата во Населба Аеродром е лоцирана на Ул. Коста Новаковиќ бр. 17/1 лок. 6.
Отворањето на новите филијали е дел од стратегијата на компанијата за проширување на присуството и за обезбедување лесен пристап до услугите за осигурување за сите граѓани. Во новите канцеларии, клиентите ќе можат да добијат комплетни информации и консултации за широк спектар на производи за осигурување, вклучувајќи осигурување на дом, возилo, осигурување од незгода, одговорност, здравствено осигурување и патничко осигурување.
Со ова проширување на продажната мрежа, Кроација осигурување продолжува да обезбедува сигурност и безбедност за клиентите. Новиот тим во филијалите е подготвен да им понуди најдобри можности за осигурување на сите постоечки и идни клиенти, а се со цел соодветна осигурителна заштита.
Кроација осигурување продолжува да се развива и да ги задоволува потребите на своите клиенти, обезбедувајќи сигурност и доверба во секој момент. Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација осигурување е тука за вас!
(ПР)
Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.