Црна хроника
Потврда за идентитетот на мртвото тело нема
Официјална потврда во охридската полиција за идентитетот на пронајденото мртво тело, кое полициските екипи во средата го пронајдоа кај Велмеј, нема.
Од охридската полиција најавија дека кога ќе ги имаат деталите за целиот случај ќе ги објават јавно на прес-конференција, која се очекува да се одржи во петокот.Дел од порталите со име и презиме објавија дека телото припаѓа на тинејџерка, но не е наведен извор официјален извор на информацијата.Извори упатени во истрагата за Макфакс велат дека Официјална потврда во охридската полиција за идентитетот на пронајденото мртво тело, кое полициските екипи во средата го пронајдоа кај Велмеј, нема. Од охридската полиција најавија дека кога ќе ги имаат деталите за целиот случај ќе ги објават јавно на прес-конференција, која се очекува да се одржи во петокот.Дел од порталите со име и презиме објавија дека телото припаѓа на тинејџерка, но не е наведен извор официјален извор на информацијата.Извори упатени во истрагата за Макфакс велат дека е некоректно да се објавуваат информации за кои сé уште нема официјална потврда, особено што се работи за чувствителен случај./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор
Синоќа во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
Топ
Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на „Youtube“.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.
Црна хроника
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
Денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ј.Ј.(22) и Д.Д.(47), двајцата од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом во Скопје, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.