Регион
Германија бара реформи или го укинува статусот кандидат за Aлбанија

Германија побара од официјална Тирана до 21 јули да ги усвои сите потребни реформи во правниот систем, во спротивно најави одземање на кандидатскиот статус за влез во ЕУ на Албанија.
Оваа закана, според албанскиот печат, ја дал претседателот на Комисијата за Европски прашања при Бундастагот, Гинтер Гричбаур, на средбата што ја имал во средата во Тирана со високи претставници на албанската влада. Според германскиот претставник во Албанија, сите значајни политички партии знаат дека барањето за реформи е доставено пред повеќе години и сега се очекува неопходност во нејзиното донесување. Без реформи нема Европа.
Медиумите во Тирана нагласуваат дека оваа закана на Германија за Албанија е последна бидејќи веќе е поставен и датумот за завршување на реформите во правниот систем, за кој се смета дека е клучен во проблемите кои се присутни во албанското општество, во кое има корупција и криминал./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.