Скопје
Заврши есенскиот Моден викенд Скопје 12
Ревиите на руската модна куќа „N by Z“, Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева означија крај на дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје, во недела вечер во Музејот на Македонија.
Последната вечер на скопскиот Моден викенд започна со ревијата на познатата модна куќа од Москва „N by Z“ и колекцијата „Something else“ составена од фустани, здолништа, блузи и палта за есен/зима 2015/2016. „Колекцијата е наменета за жени кои заминуваат во шопинг оптоварени од план и идеја што треба да купуваат. Нашата модна куќа ги спои парчињата и за нив направи избор во кој може да се пронајде секоја жена со стил“, вели дизајнерката Наталиа Злодјарева од „N by Z“.Второто модно шоу беше на дебитантката Кристина Цветковска која стои зад брендот „ Modelina“ и колекцијата „Night in red silk “ за актуелната сезона есен/зима. „Станува збор за колекција која е инспирирана од љубовта, играта и природата, изработена од природна свила во комбинација со сатен штоф и монистра. Црвеното во комбинација со љубовта зачинето со природната свила и играта на монистрата ја прават колекцијата целосна која е погодна за носење во сите пригоди“, вели Цветковска.Со најновата колекција наречена „Just Go“ на Олгица Ѓоргиева официјално се затвори дванаесеттиот Моден викенд Скопје. „Колекцијата е потсетување на она што веќе го имам работено во минатото со видно изменети кроеви, проширени техники на доработка но со мојот карактеристичен дизајнерски печат . Колекцијата е составена од секојдневни парчиња, венчаница и свечени тоалети изработени од кадифе, жоржет, волница, плетенина. Моите најнови креации се наменети за личности со дефиниран и специфичен вкус кои точно знаат што сакаат “, вели за колекцијата Олгица Ѓоргиева.Во рамките на Моден викенд Скопје 12 кој се одржуваше од 21 до 25 октомври под мотото „Мода и културно наследство“ во Музеј на Македонија, посетителите видоа модна изложба наречена „Свадбени приказни“, единаесет ревии и за прв пат на настанот кино наречено „Lotus cozy cinema“.Генерален покровител на настанот е Општина Чаир./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




