Контакт

Здравје

Два филџана кафе против еректилната дисфункција

Објавено пред

На лицата коишто патат од еректилна дисфункција, може да им помогне кафето, покажува една нова студија на американските научници.

dobivaj vesti na viber

Истражувачите од Тексашкиот универзитет откриле дека мажите коишто консумираат најмалку две шолји кафе дневно имаат 42 отсто помалку шанси да патат од еректилна дисфункција.

Со истражувањето биле опфатени 3.724 мажи повозрасни од 20 години, а одговарале на прашање за дневното внесување на кофеин и проблемот со ерекцијата. Се пресметувало просечното дневно количество кафе, чај и други кофеински пијалаци.

Учесниците во студијата кои консумирале меѓу 80 и 170 милиграми кофеин дневно, имале 42 отсто помалку изгледи да доживеат еректилна дисфункција, отколку оние кои не консумирале кофеин.

Според резултатите од истражувањето, еден филџан инстант кафе содржи околу 100 милиграми кофеин. Студијата упатува на можноста кофеинот да ги олабавува артериите на пенисот, што го засилува дотокот на крв./крај/мф/сн

Извор: H



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Има 51 година и супер обликувано тело: поранешната членка на „Спајс грлс“ изгледа брутално во бикини

Објавено пред

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.

dobivaj vesti na viber

Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.

Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.

Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.

Прикажи повеќе...

Забава

Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксидант е најдобар за вашата кожа

Објавено пред

Се чини дека постојано се бараат чудесни комбинации што го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.

dobivaj vesti na viber

Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неоспорни во светот на негата на кожата – витаминот Ц и витаминот Е.

И двете состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и кај дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува многубројни придобивки.

Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа

Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксидант познат по:

  • Го изедначува тенот: помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата правејќи ја кожата посветла и посвежа;
  • Го стимулира производството на колаген: обезбедува цврстина и еластичност намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки;
  • Заштитува од фотостареење: кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од УВ-оштетување и од слободните радикали;
  • Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се почне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата;
  • Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА-киселини за да избегнете потенцијална иритација.

Витамин Е: хидратантен штит на кожата

Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксидант познат по својата способност:

  • Длабоко хидрира: ја заклучува влагата во кожата спречувајќи дехидрација;
  • Ја зајакнува заштитната бариера: создава заштитен слој на површината на кожата спречувајќи губење вода и пенетрација на надразнувачи;
  • Го намалува воспалението: ги смирува црвенилото и иритацијата, идеален за сува и чувствителна кожа;
  • Заштитува од оксидативен стрес: ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето и од загадувањето;
  • Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ги подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданти, особено кога се комбинираат со витамин Ц.

Дуо од соништата: комбинација од витамини Ц и Е

За максимална заштита и сјајна кожа експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамина.

Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.

Идеалната комбинација содржи 15 % витамин Ц и 1 % витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.

Кој витамин е најдобар за вас?

  • Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник;
  • Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор;
  • Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамина заедно за максимален ефект.

Совети за правилна употреба:

  • Почнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација;
  • Нанесете наутро: идеално време за витамини Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор;
  • Секогаш користете крем за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор;
  • Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и од типот на кожата. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданти дава најдобри резултати обезбедувајќи ѝ на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита;
  • Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кората од ова овошје го нарекуваат природен ботокс: дали е навистина така

Објавено пред

Убаво и негувано лице е целта на секоја жена која се грижи за себе, а многу често сме во дилема како треба да се однесуваме кон него, кои производи да ги користиме, а кои не вредат.

dobivaj vesti na viber

Фактот дека брчките е невозможно да се избегнат загрижува многумина, но секако дека постојат начини да ги забавите.

Покрај скапите производи што ги користат многу жени, на „Тик ток“ стануваат вирални видеата со природен трик за успорување на брчките.

@yourmategingerkate 🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌 #naturalskincare #skincare #antiaging #antiagingskincare ♬ original sound – Kate 👩🏻‍🦰

Иако се се повирални видеата со ова овошје, дерматолозите објаснија дека нема докази дека кората од банана делува на брчките.

„Нема научни докази кои сугерираат дека триењето на кората од банана на кожата може да помогне при брчки, темни кругови или воспаление“, вели д-р Тејлор Булок од Клиниката во Кливленд.

Бананите можат да бидат ефикасни во негата на лицето благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, но тешко дека ќе забележите ефект во однос на намалување на брчките. Иако, не ве чини ништо да се обидете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа3 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија4 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа4 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа5 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија6 часа

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија6 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа7 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет7 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет7 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа7 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија19 часа

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје1 ден

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...

Македонија1 ден

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет1 ден

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед...

Македонија1 ден

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија1 ден

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет2 дена

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...