Скопје
Трајановски оствари средба со делегација на градот Маниса
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во понеделникот оствари средба со делегација од збратимениот град Маниса, Република Турција.
Делегацијата од градот Маниса, која е во повеќедневен престој во Скопје, беше составена од пет членови на Советот на Град Маниса, претставници од амбасадата на Турција во Македонија, како и претставници на градската администрација, предводена од асистентот на генералниот секретар на Маниса, Фуат Узун.
Градоначалникот Трајановски ги поздрави гостите и им пожела убав престој во Скопје. На средбата Трајановски упати поздрав до градоначалникот на Маниса, Џенгиз Ергун, како и покана за да го посети Скопје.
На средбата се разговараше за одличната соработка помеѓу двата града во областа на културата, како и потребата за продлабочување на истата во други области, како што се економската и трговската соработка.
Претставниците од Маниса му се заблагодарија на Трајановски за приемот и гостопримливоста, притоа пренесувајќи ги поздравите од градоначалникот Ергун и упатувајќи покана до Трајановски да ја посети Маниса за време на традиционалниот Месир фестивал.
Годинава се навршуваат 30 години од збратимувањето на Скопје и на Маниса. Во овој период постои голема соработка во областа на културата, каде што се реализирани голем број гостувања на фолклорни групи од двата града. Во 2009 година, во рамките на Месир фестивалот беа организирани денови на Скопје и Македонија во Маниса, каде што пред присутните е организирана дегустација на традиционална македонска храна и вино, како и настап на НУКД „Танец“. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

