Контакт

Политика

ВМРО-НП: Аболицијата истовремено да значи и забрана за бавење со политика во следните 10 години

Објавено пред

ВМРО-Народна партија предлага, во услови на распуштено собрание да се направи џентламентски договор помеѓу партиите, аболицијата која подразбира милост од државата и ослободување од кривично гонење, истовремено да значи и забрана за било какво учество во политика во следните 10 години.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по конституирање на новото Собрание на Р.Македонија, сето ова да се преточи во закон. ВМРО-Народна партија исто така бара, новиот закон да содржи и член со кој аболираните политичари кои се покажале доблесни и не ја прифаќаат добиената аболиција, да им биде овозможено својата невиност да ја докажат низ редовна судска постапка. Колку што е тешко одредено лице да се осуди за сторено кривично дело, а потоа да биде опфатено со аболиција, уште потешко е тоа лице да се спречи низ редовна законска можност да ја докаже својата невиност“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.ВМРО-Народна партија се залага за комплетно преиспитување и ревидирање на казнената политика што се применува кон граѓаните и фирмите во Р.Македонија, во насока на драстично намалување на драконските казни што сега се изрекуваат од судовите во Р.Македонија. /крај/со/ст

Извор: ВМРО-НП



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 минути

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија15 минути

„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија17 минути

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија19 минути

ВЛЕН: По 22 години измама, носиме канализација во Зајаз на Али Ахмети

„Кичево, градот кој беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Европа2 часа

Хеликоптери летаат низ Шведска, полицијата оди од врата до врата: убиецот е сè уште во бегство

Три лица се убиени во пукотница што се случи вчера во фризерски салон во центарот на Упсала, потврди шведската полиција....

Свет2 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка, со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Златното доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа12 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија13 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија14 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија14 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија16 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија17 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија17 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија19 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија20 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија21 час

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија21 час

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија22 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија22 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...