Контакт

Надворешна политика

Делегација на АРМ во посета на воените образовни институции во Обединетото Кралство

Објавено пред

Делегацијата на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски, во рамки на посетата на Армијата на Обединетото Кралство, во изминатите денови ги посети престижните воено образовни институции на Вооружените сили на Обединетото Кралство: Кралската Воена Академија, Сандхурст (РМАС)  и  Одбрандбената Академија во Шривенам (ДА).

dobivaj vesti na viber

Придонесот кој го овозможуваат овие воени образовни институции во воената обука и едукацијата на припадници од АРМ беа главните теми на разговор за време на средбите со командантот на РМАС, генерал мајор Пол Нансон и со командантот на Командно Штабниот Колеџ при ДА, генерал мајор Џулиан Фреј.

Притоа од страна на генералот Величковски во духот на продлабочување на соработката е доставен предлог за размена на искуствата од областа на воената доктрина и планирање преку учество на кадри и слушатели од овие високошколски установи во активностите организирани од Воената Академија Генерал Михајло Апостолски, како што е летниот кампус, но и разгледување на можноста за размена на професори..

Во петокот, во Камберли, делегацијата присуствуваше на „Парада на сувереноста“- единствена свечена церемонија од овој вид која се одржува по повод завршеток на школувањето на кадетите од Кралската Воена Академија и нивна промоција во офицерски чинови, меѓу кои е и еден припадник од АРМ кој го заврши школувањето.Во досегашниот период десетина припадници на АРМ континуирано се упатуваат и со успех ги имаат завршено школувањата и последипломски студии во различни воени области на високите школи во Обединетото Кралство, како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот Колеџ во Шривенхам, Универзитетот Кранфилд во Шривенхам, Кралската воена Академија – Сандхурст и Академијата на Кралското воено воздухопловство во Кранвел. Неколкудневната официјална посета на делегацијата од АРМ е особено значајна за меѓусебната соработка помеѓу АРМ и Армијата на Обединетото Кралство, не само заради првпат остварената средба на ниво на Началници на Генералштабови на двете Армии, туку и за зајакнување на поддршката од оваа партнерска Армија за интеграција на Република Македонија во северно атлантското семејство./крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија6 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија7 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија8 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија8 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет9 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет9 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет9 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет10 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...