Здравје
Можност за рана дијагностика на меланом
Меланома е најопасната форма на рак на кожата. Потекнува од пигментните клетки меланоцити сместени во епидермот на кожата. Во последните децении во пораст е инциденцата на појавување на меланомот која се објаснува со зголемената УВ радијација. Сепак, тој може да се превенира ако рано се дијагностицира и во висок процент да се излекува.
Како фактори за настанување на меланома, покрај сончевата експозиција, генетските фактори, во голем дел влијаат дали меланоцитите имаат потенцијал да се преобратат во малигни во ново створени или веќе постоечки бемки. Друг фактор се и честите трауми или отќинување на бемката.
Најчестото прашање е „како изгледа меланома?“. Најголемиот број меланоми се црни и кафени. Но некои меланоми можат да бидат црвени, виолетови, плави или бели. Малигните тумори се одликуваат со брз раст на клетките кои се со изменета структура и функција. Меланомите често ја менуваат својата форма, се распаѓаат, крварат а може и да се воспалат. Во оваа форма тие веќе имаат околни лимфогени или далечни метастази.
Најчестата локализација е на лицето и нозете. Во мал процент е сместена на слузниците а кај деца под дванаесет годишна возраст е исклучително редок.
Што е дерматоскоп и на кој начин работи апаратот?
Дерматоскопот е специјален микроскоп кој се користи за испитување на пигментирани лезии на кожата, со цел да се разликуваат меланоцитните од немеланоцитните пигментни лезии и да се одлучи дали пигментните лезии се малигни. Дерматоскопскиот дигитален дијагнотички метод е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа.
Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. По извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи европско прифатени класификации за анализа на истите.
Што овозможува компјутеризираната дерматоскопија?
Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период. Во случај да постои било какво сомневање се предлага оперативно отстранување.
Во кој случај да посетите дерматолог?
Препорачливо е контрола на бемките да се изврши веќе во пубертетот. Откако ќе се снимаат и запамтат бемките секоја ново појавена или промена на старата лесно се забележува а понатаму и прати. Секоја нова појава на бемка која е лесно издигната над кожата а особено со потемен пигмент е потребно компјутерски да се анализира и следи.
„Доколку постоечкиот невус во краток период ја смени бојата, се зголеми, асиметрично порасне, чеша, крвари или се повреди до откинување што побрзо да се посети дерматолог. Настанатата промена да се следи а потоа бемката да се сними и алализира“, вели д-р Анета Петрушевска специјалист дерматовенеролог во „Ординација Др. Анчевски“.
Д-р Петрушевска вели дека откако лекарот дерматолог ги детектирал ризичните невуси, најдобро е превентивно хируршки да се отстранат пред да се дозволи да се случи било каква промена кон малигнитет. „Доколку на телото постојат бројни помали или поголеми невуси најдобро е да не бидат изложени на директно УВ зрачење или барем во таков период да бидат заштитени со крем со висок заштитен фактор“, додава./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

