Забава
Кинез запросил девојка со мозаик од 840 Рубикови коцки со нејзиниот лик, но таа го одбила

Кинез составил 840 Рубикови коцки и направил мозаик со ликот на девојката во која е вљубен и ја побарал за жена, но таа го одбила.
„Сакав да ја изненадам, но ме одби“, изјавил Тонг Оан, механичар од северна Кина.Тонг два месеца го правел мозаикот висок два метра. Дизајнот го нацртал на фотошоп, а потрошил 460 долари за купување на 840 -те Рубикови коцки.Направил посебна дрвена рамка, во којашто полека ги сложувал коцките, а му требало дури три ноќи да го направи тоа. Неговата приказна и сликите од мозаикот станаа популарни на социјалните мрежи, но тој вели дека не е лут на девојката која го одбила.„Луѓето почнаа да зборуваат за неа лошо на интернет. Се надевам дека тоа ќе престане. Не направи ништо лошо. Едноставно таа нема исти чувства како мене“, изјавил Тонг.Мозаикот моментално се наоѓа во куќата на Тонг и сега смислува како да го премести од таму, бидејќи зазема голем простор. Инаку тој во слободно време најмногу сака да составува сложувалки и да решава загатки.Кина стана позната по ваквите несекојдневни изјави на љубов. Едно момче ја запроси својата девојка со помош на 99 телефони, а друго момче ја запроси девојката со две огромни срца направени од илјада црвени лути пиперчиња./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“

Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека.
Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк.
Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики.
„Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што се шетаат, не е во ред“, „Што е со луѓето што го одобрија ова?“, „Го сакам СКИМС, но ова е страшно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Новата колекција на костими за капење СКИМС се одликува со смели животински принтови и женствени силуети, со леопард и тигарски дезени во нежни нијанси на шампањ.
Забава
Подгответе се: на четири хороскопски знаци им претстои бурно раскинување во март

Космичките енергии во март 2025 година носат предизвици во љубовните врски за одредени хороскопски знаци.
Планетарните влијанија можат да ги разнишаат постоечките односи, доведувајќи ги до пресвртница или распад.
Еве кој би можел да биде најмногу погоден:
Бик
Март носи турбулентен период за Биковите. Уран, планетата на ненадејни промени, во комбинација со напнат аспект меѓу Марс и Венера, може да ја разниша нивната емоционална стабилност.
Иако се познати по својата лојалност, стресот и несогласувањата можат да ги поттикнат кон донесување тешки одлуки во љубовта.
Лав
Лавовите ќе се соочат со притисоци кои ја тестираат силата на нивните врски.
Квадратот помеѓу Сонцето, нивниот владетел и Сатурн може да им донесе чувство на ограничување и фрустрација.
Многу Лавови ќе почувствуваат потреба за поголема слобода и можеби ќе одлучат да ги прекинат врските што ги кочат.
Иако е болен, овој процес може да им помогне да најдат нова сила и појасно да ги видат своите емоционални цели.
Шкорпија
За Шкорпиите март ќе биде месец на длабоки емотивни пресврти. Плутон, нивната владејачка планета, поттикнува крај на врските кои станале исцрпувачки или токсични.
Раскинувањето може да биде интензивно и страсно, но ќе донесе можност за лична трансформација и отворање кон поздрави врски.
Риба
Кон крајот на март, Рибите ќе се соочат со важни сознанија за нивните врски. Ретроградниот Нептун ќе ги отфрли илузиите, принудувајќи ги да погледнат пореално во својот љубовен живот.
Оние кои се држеле за нестабилни врски можеби конечно ќе донесат одлука да ги напуштат. Иако емотивно тежок, овој период може да донесе ослободување и внатрешен мир.
За овие знаци, март 2025 година ќе биде време на големи одлуки и промени во љубовта. Иако раскинувањето никогаш не е лесно, тие можат да донесат можност за нов почеток и подобри односи во иднина.
Забава
(Видео) Комеморацијата за Саша Поповиќ заврши со солзи

Комеморацијата за Саша Поповиќ почна нешто по 10 часот. Прв зборуваше водителот Војо Недељковиќ, кој претходно го менуваше Саша Поповиќ на „Гранд“.
Кога се качи на бината ги повика сите да станат и да му оддадат почит на Саша Поповиќ со едноминутно молчење.
Потоа на видеоекранот беше пуштен филм за животот на шоуменот, придружен со последната песна што ја компонирал.
На комеморацијата во „Сава центарот“ дојдоа многубројни познати личности, меѓу кои: Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Лукиќ, Дејан Матиќ, Драгана Катиќ, Вики Миљковиќ и други.
Погребот ќе биде во 14.30 часот .