Македонија
Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во вторник, треба да ја продолжи расправата по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.
Со ребалансот, по кој собраниската комисиска расправа почна на 30 август, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината во 10:40 часот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Македонија
Истрага за убиството во Ханиоти против 33-годишен македонски државјанин
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека повела истрага против 33-годишник, македонски државјанин за убиство во Ханиоти.
-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик е предвидено како – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и член 22, како и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3, велат од ОЈО.
Како што посочуваат од Јавното обвинителство, осомничениот 33-годишник на 15 јули 2023 година, во Ханиоти, Република Грција, заедно со уште едно засега непознато лице, со умисла го лишиле од живот сега покојниот Орхан Бајрами, а ги довеле во опасност и животите на уште четири лица.
-По претходен договор, осомничениот и неговиот соизвршител маскирани пристигнале во туристичкиот комплекс каде била сместена жртвата и се приближиле до отворената задна балконска врата. Осомничениот од огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм со пригушувач испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник со пиштол од ист калибар уште 8 куршуми во правец кон оштетените. Од куршумите, три завршиле во телото на сега починатиот, нанесувајќи му смртоносни повреди. Грчките истражни органи имаа издадено налог за апсење на осомничениот, како и Европски налог за апсење и меѓународна потерница поради сомненија за кривични дела – Намерно убиство со соучесништво и Обид за сериско и соучесничко убиство на територијата на Република Грција, велат од Обвинителство.
Како што наведуваат од ОЈО, со оглед на тоа што станува збор за македонски државјанин за кого не постои можност за екстрадиција, врз основа на инструментите за меѓународна правна соработка, грчките власти го отстапиле кривичното гонење на Основното јавно обвинителство Скопје.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Настаните за Денот на албанското знаме се смислено сценарио на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Настаните по повод „прославата“ на Денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДСМ и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ. СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор. СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација. За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани. МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти. ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци. Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вели останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.