Забава
Јапонец плати грозје над 14.000 долари
Грозд во Јапонија е продаден за 14.600 американски долари, во земјата во којашто овошјето честопати постигнува несфатливо високи цени, и носи општествен статус.
Сопственик на супермаркет во западна Јапонија си заминал од наддавање со 30 зрна грозје, од кои секое чини по 480 долари, пренесуваат медиумите во петокот.
„Ќе го изложиме во нашата продавница пред на купувачите да им го понудиме да го пробаат “, изјави Такамару Кониши.
Во 2013 година грозд од истата сорта „Ruby Roman” беше продаден за 4.000 долари.
Оваа сорта суперслатко грозје надвор од сезоната расте во префектурата Ишикава.
Вкрстувањето на оваа сорта започнува во средината на 1990-те години во јапонската префектура Ишикава и веќе во 2007 година создавачите ја регистрирале новата сорта наречена „Ruby Roman”.
Таа се разликува од вообичаените сорти грозје по несекојдневната рубинова боја на месестиот дел од плодот и големината на зрното коешто во дијаметар има околу три сантиметра. Тежината на секое зрно е околу 20 грама.
Првиот грозд од сортата „Ruby Roman” е продаден во 2008 година, цената на еден грозд тогаш изнесувал илјада американски долари, а во јули 2011 година еден грозд достигнал цена од 6.400 долари.
Јапонците се подготвени да плаќаат неверојатни суми за овошје, коешто понекогаш им се подарува на луѓето со висок статус во заедницата, на пример на шефовите на работа и затоа се продаваат на аукции.
Така само едно јаболко чини три долара а дињите достигнуваат цени на скапите вина, а за дваесетина цреши, коишто Јапонците ги купуваат како подарок, треба да се плати и до 70 евра.
Минатата година диња беше продадена за 12.000 долари. Во 2008 година, две мускатни дињи беа продадени за 2,5 милиони јени, што според денешниот курс би изнесувало повеќе од 17.750 евра.
Два плода манго во 2014 година на аукција во јужниот дел од Јапонија беа продадени за 300 илјади јени или 2.125 евра, што претставува рекорд дури и за Јапонија каде што цените на овошјето се вртоглави. Двата плода манго наречени „Taiyo no tamago” (сончево јајце) ги купил во регионот Мијазаки на островот Кјушу во југозападна Јапонија ги купил голем трговски синџир кој со авион ги префрли и ќе ги изложи во своја продавница.
За да влезе во категоријата манго со висок квалитет, секој плод мора да тежи најмалку 350 грама и да содржи висок процент на шеќер, според одредбите на округот Мијазаки.
Вo 2013 година исто така на аукција, лубеница од познатата сорта „Денсуке” којашто се одгледува во градот Тома на јапонскиот остров Хокаидо, беше продадена на наддавање за 300 илјади јапонски јени или околу три илјади американски долари, соопшти локалната земјоделска асоцијација на својата официјална интернет страница. Просечната тежина на лубениците од оваа сорта се движи меѓу пет и седум килограми.
Лубениците „Денсуке” се одликуваат по својата неповторлива црна кора и светло црвена и шеќерно слатка внатрешност. Овие лубеници се продаваат во специјални црни кутии кои ја потенцираат нивната природна боја. Тие се јавуваат во градот Тома во средината на 1980-те со цел да се компензираат загубите од намалувањето на реколтите од ориз. Затоа, според здружението, нивното име се состои од хиероглифите „оризово поле” и „помош”.
На аукциите годишно се нудеат околу 60 илјади лубеници „Денсуке”. Нивната почетна цена вообичаено изнесува пет илјади јени или 50 долари за парче.
Рекордната цена за овој вид лубеници беше постигната во 2009 година и изнесуваше 650 илјади јени или повеќе од 6.500 американски долари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

