Забава
Истражување: Совршениот бакнеж е страстен и нежен
Француската фирма за запознавање Meetic, по повод Меѓународниот ден на бакнежот – 6-ти јули, спровела истражување меѓу европските самци за тоа каков бакнеж им е најдраг.
Секој втор учесник во истражувањето одговорил дека страста е незаобиколен елемент од совршениот бакнеж. За 45 отсто од нив важна е умешноста на нежниот допир со усните, а 22 отсто од испитаниците не сакаат премногу влажен бакнеж, но не сакаат ниту да е бучен. Само седум отсто рекле дека за време на бакнувањето не им пречат звуците кои се „произведуваат“.
Бакнежот од лице кои консумирало алкохол, одбива 63 отсто од испитаните самци во Европа, а повеќето од нив рекле и дека притоа помалку им се гади.
Доколку бакнежот баш и не бил успешен, учесниците во истражувањето рекле дека тоа не им пречи премногу. Имено, 41 отсто со задоволство ќе го подучат партнерот во уметноста на бакнувањето, а дури 40 отсто одговориле дека на тоа не му придаваат премногу важност.
Наспроти тоа, пак, седум отсто од испитаниците рекле дека се подготвени веднаш да ја прекинат врската, доколку првиот бакнеж не бил доволно уверлив и инспиративен.
Истражувањето го спровела агенцијата TNS SOFRES во декември 2015 година, на примерок 9.251 самец во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија, Данска и Холандија, на возраст меѓу 18 и 65 години.
Славниот „француски“ бакнеж, според мислењето на научниците, отпушта и го отстранува стресот, ја поткренува самодовербата, но и има ефект сличен на вежбањето. Таквите бакнежи, тврдат научниците, помагаат и во трошењето калории, а според некои истражувања, бакнежите во траење од минута согоруваат дури 26 калории, и активираат триесетина телесни мускули. Просечен човек во животот минува 20.000 минути бакнувајќи
Додека се бакнува, човечкиот организам излачува мноштво хормони и невротрансмитери кој го поправуваат расположението, како што се адреналин, серотонин и допамин.
Науката којашто го проучува бакнувањето се нарекува филематологија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.