Забава
Италијанска „мафија“ краде пармезан

Во последните две години, крадци однеле 15.000 пити кашкавал пармезан, во Италија, со вкупна вредност од 6 милиони евра.
Се краде Parmigiano-Reggiano, кашкавал што се произведува во околината на Модена. Болоња, регионот Емилија, Парма и Мантова.„Украдени се 15.000 пити“, вели Рикардо Десерти, директор на Конзорциунот за пармезан сирење на Италија, за La Stampa.Според него, производителите на пармезан се лесна мета, затоа што најчесто се наоѓаат во рурални, селски средини и немаат алармни системи за заштита од крадци.Една пита од 40 килограми, отстоена 24 месеци, вреди 500 евра.Операцијата за крадење е секогаш иста. Напаѓаат во изолирани места, селски производства, ноќе, ја товарат питата во комбиња и брзо заминуваат.Минатата недела, 150 пити се украдени од производителот Ronconcesi, во околината на Парма, а ова е втор пат да бидат ограбени.„Мислиме дека украденото сирење е однесено во источна Европа и во јужна Италија“, вели полицијата за La Stampa.Секоја пита има воден жиг што може да се следи, но крадците едноставно, ги сечат питите со што оневозможуваат следење, пред да ги продадат на провинциски маркети.За да се спречат понатамошните кражби, полицијата воспостави ноќни полициски патроли во внатрешноста од земјата, а се пребаруваат и сомнителни комбиња со цел да се сопре бандата на крадци на кашкавал. Ги советуваат и локалните производители како да се заштитат.Во последната полициска операција беа уапсени Албанци кои крадеа сирење.„Сепак, бројот на крадци останува ист. Главниот проблем е што лесно може да се провали во просториите на производителите“, вели Десерти./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Оваа боја на коса ќе биде хит на пролетта и одговара на сите

Ни претстојат убави месеци и пролетта обично е вистинско време да го промените вашиот имиџ, а една фризура веќе се издвои од останатите и се повеќе се бара.
Во пресрет на новата пролет, се појави нова верзија на омбре фризурата. Станува збор за понежна и суптилна варијанта која веќе ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а се повеќе е барана во фризерските салони.
Името „сомбре“ доаѓа од „софт омбре“ и совршено ја опишува оваа техника. Додека омбре носи појасен премин од потемни кон посветли тонови, „сомбре“ е нежна, постепена промена на бојата што дава впечаток на природно осветлување на косата, исто како што косата малку осветлува на летното сонце.
Идеален избор за пролет
Со доаѓањето на потоплите денови, сите ние го сакаме тој исончан, опуштен изглед како само што да сме дошле од плажа – а „сомбре“ ни го дозволува токму тоа. Оваа техника дава впечаток на природно осветлена коса, како сончевите зраци нежно да си ја завршиле работата. Плус, „сомбре“ лесно се одржува, што значи помалку посети на фризер.
Друга позитивна работа е фактот дека „сомбре одговара на сите. Изгледа одлично на средна и долга коса, а можете да го прилагодите на тонот на вашата коса – без разлика дали сте бринета, русокоса или црвенокоса. Оваа техника е особено погодна за оние кои сакаат промени, но не се подготвени за драстични потези.
Одржување на „сомбре“
Друга причина зошто „сомбре“ е толку популарно е лесното одржување. Бидејќи коренот на косата е оставен во нивната природна боја, растот е речиси невидлив.
Сè што треба да направите е редовно да користите хранливи маски за да го одржите сјајот и здравиот изглед на вашата коса. Исто така, се препорачува да се користи шампон без сулфат за да се задржи бојата свежа што е можно подолго.
Забава
Ако ги разочарате, веќе не постоите: овие знаци не простуваат лесно

Довербата е основата на секоја врска, без разлика дали е тоа пријателство, љубов или деловна соработка. Но, откако ќе се скрши, тешко е да се обнови.
Некои луѓе се подготвени да дадат втора шанса, но има и такви кои не забораваат лесно. Ако еднаш ги изневерите, станувате дел од минатото.
Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се познати по својата непоколеблива природа кога станува збор за простувањето.
Тие не толерираат предавство, лаги или измами, а штом ќе одлучат дека повеќе не им треба некој, нема враќање назад. Еве ги знаците.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата интензивна природа и непоколеблива лојалност, но подеднакво се страсни кога некој ќе ги разочара. Иако можеби нема веднаш да покажат колку многу ги повредило предавството, Шкорпиите паметат се и не простуваат лесно.
Нивната доверба е како стакло – штом ќе се скрши, никогаш повеќе не е исто.
Јарец
Јарците се исклучително сериозни кога се во прашање врските и очекуваат исто ниво на почит што си го даваат самите себеси. Ако некој ги измами или изневери, нема да бараат одмазда, туку без двоумење ќе го прекинат секој контакт.
Тие се рационални и не губат време на луѓе кои покажале дека не се достојни за нивната доверба.
Лав
Иако Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и се познати по својата дарежливост, тие не го простуваат лесно изневерувањето. Нивната гордост не дозволува да бидат измамени или искористени.
Ако некој ги изневери, Лавовите ќе го сфатат тоа како непростлива навреда и ќе си заминат без размислување.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност, но и по својата тврдоглавост. Кога сакаат некого, тие се подготвени да направат се за таа личност, но ако почувствуваат предавство, тие ја затвораат вратата засекогаш.
Нивната способност да се дистанцираат од оние кои ги повредиле доаѓа од нивното верување дека довербата се гради долго, но се уништува за секунда.
Девица
Девиците анализираат се што им се случува во животот, а кога некој ќе ги разочара, тешко го преболуваат. Можеби нема да направат драма за предавството, но едноставно ќе ве избришат од нивниот живот.
Довербата полека им доаѓа, и исчезнува за миг, а ретко кој дава втора шанса.
Забава
Манекенка пристигна на ревија во интересна модна комбинација, луѓето ѝ се потсмеваат: „А тоа е облека?“

Модната недела во Париз привршува, а по десет дена модни настани кои го привлекоа вниманието на модната публика, особено се истакнаа некои модели. Меѓу нив беше и унгарската убавица Барбара Палвин.
Таа го привлече вниманието на ревијата на Баленсијага
Многу познати дизајнери се повеќе го прифаќаат трендот на истакнување на голотијата во своите колекции, па таканаречените „голи“ аутфити станаа вообичаена глетка на модните писти.
Барбара Палвин јасно го следи овој стил, кој го покажа на неодамнешното шоу на Баленсијага одржано во Париз, каде беше претставена колекцијата есен/зима 2025/2026 година.
Во таа прилика облекла чипкани чорапи, а се гледаше и нејзината долна облека. Барбара го искомбинира својот стајлинг со мала минималистичка чанта и предимензиониран капут.
Некои од нејзините следбеници го пофалија овој изглед, но имаше и такви кои не го криеја разочарувањето.
„Зошто сите се голи? Тоа не е ниту убаво, ниту елегантно“, „Јас ја сакам, но не мора да носи сè што и е кажано“, „Изгледа како ѕвезда на филм за возрасни“, „Сето тоа е убаво, но зошто мораше да ја покажеш својата долна облека“, „Јас ја сакам, но дури и таа не се чувствува удобно да го носи она што и го дадоа“, „А тоа е аутфит?“, „Па зошто не можеше да си дозволи нормална облека?“, се само дел од негативните коментари кои се појавија под фотографиите од ревијата.