Култура
Течат активностите за конзервација, реставрација и санација на Алимбеговата куќа
Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница.
Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, беа обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата. Претходно се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот, а во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-реставраторските работи и конструктивна консолидација на архитектонскиот склоп, обнова на фасадата во автентичен манир со сите стилски и декоративни карактеристики и интервенции на покривот со комплетна замена на покривната конструкција и покривниот покривач. Активностите на архитектурата на Алим беговата куќа во Тетово, која со специфичната декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение, како единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа, треба да бидат завршени до крајот на годинава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Синедејс 2025“ отвора повик за кратки филмови
Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025.
Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок.
За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот кна е-адресата [email protected].
Култура
Во Мадрид отворен музеј со повеќе од 170 дела на уметник што со години ја интригира јавноста
Мадрид дополнително ја прошири својата културна понуда со отворање на музејот Бенкси, уникатен простор посветен на работата на овој енигматичен британски уметник. Музејот, кој беше отворен во јануари, се наоѓа во поранешна гаража во населбата Арганзуела и ја содржи најголемата колекција на делата на Бенкси во Европа.
Во музејот се сместени повеќе од 170 репродукции во природна големина на најпознатите дела на уметникот, вклучително и „Девојчето со балон“. Многу од овие оригинални дела повеќе не постојат на нивните оригинални локации, или затоа што се уништени или отстранети од улиците на градовите како Лондон, Париз, Њујорк или конфликтните зони како Палестина.
Изложбата вклучува мурали, слики во масло, принтови и инсталации кои ги носат посетителите во критичкиот универзум на Бенкси и ги повикуваат да размислуваат за темите што се повторуваат во неговите дела, како што се нееднаквоста, војната, животната средина и социјалната сатира.
Музејот се наоѓа во поранешна гаража претворена во простор од 2.000 квадратни метри кој ја задржува својата индустриска суштина. Дискретниот влез е означен само со сообраќаен знак изменет во стилот на уметникот, што ја одразува филозофијата на анонимност и изненадување што ја карактеризира работата на Бенкси.
Мадрид им се придружува на Барселона, Париз, Брисел и Њујорк со својот музеј Бенкси.
Култура
Португалската дива на фадото, Мариза, доаѓа во Скопје
На својата долгоочекувана турнеја, Мариза ќе настапи на 5 април 2025 година во престижната сала на Македонската филхармонија, носејќи ѝ на публиката магијата на португалската традиција и современиот звук.
Мариза го започна својот музички пат во Лисабон пред дваесет години, а нејзиниот пробив на светската сцена дојде со албумот Fado em Mim во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнуваше на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ја париската „Олимпија“, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот „Карнеги хол“.
Овој единствен концерт нуди можност да уживате во виртуозниот спој на музиката, културата и сензибилитетот што ги освојуваат срцата ширум светот.