Забава
Берлин не знае што ќе прави со вилата на Гебелс
Некогашната вила на поранешниот нацистички министер за пропаганда Јозеф Гебелс претставува товар за нејзиниот сопственик – германската престолнина Берлин, која се откажа од продавање на имотот за да не дојде „во погрешни раце“.
„Навистина сум загрижена дека имотот би можел да стане место за поклонение на неонацистите и мислам дека не смееме да ризикуваме“, вели во репортажата на AFP, Биргит Моеринг извршната директорка на Берлинската управа за недвижнини (BIM) која управува со градскиот имот.
Станува збор за големо приземно здание сместено во Бранденбуршката шума покрај малото езеро Вогенсе, коешто Јозеф Гебелс ја користел како викендичка „за бегство од забревтаниот и бучен Берлин“. Од центарот на германската престолнина е оддалечено 40 километри.
Токму градот Берлин во 1936 година му го подарил ова земјиште на Гебелс за неговиот 39-ти роденден. Министерот за пропаганда на нацистичкиот фирер Адолф Хитлер се вљубил во локација и изградил многу поголема куќа отколку што првично планирал. Градењето на објектот го финансирала UFA, германската филмска компанија со којашто управувал всушност Гебелс.
Во луксузно уредената куќа, која имала и приватна кино сала, Гебелс ги примал филмските ѕвезди и љубовниците. Дел од луксузниот ентериер може да се види и денес, како мермерната бања, но куќата е подјадена од влагата и студовите и забрзано пропаѓа, вели чуварот Реберт Милер кој за неа води грижа од 1984 година.
Берлинската управа за недвижнини (BIM) последните години неколкупати се обиде да го продаде овој имот. По последната пропадната понуда во декември, градот дефинитивно се откажа.
Решавањето на прашањето на вилата на Гебелс го компликува и тоа што на истото земјиште се наоѓа уште еден потсетник на турбулентното минато на Германија. На почетокот на 1950-те години, тогашните источногермански власти изградиле комплекс објекти кои служеле како центар за политички обуки на припадници FDJ, организација на комунистичката младина. Комплексот служел и за сместување на партиските кади од „братските земји“ како Куба, Виетнам, Ангола… Во тој период соседната вила на Гебелс била претворена во супермаркет за студентите од FDJ.
Четирите главни згради сочинуваат вкупно 1.400 квадратни метри во кои се сместени повеќекреветни спални простории, конференциски сали и други простории. Сето тоа пропаѓа од ден во ден. „Сега таму нема греење, нема вода, направени се големи оштетувања на фасадата и на покривот. А и во внатрешниот дел има многу работа, Обновувањето несомнено би било скапо“, смета Моеринг.
Директорката на BIM, сепак, смета дека овој своевиден град на привиденијата, кој ретко се користи за повремени филмски снимања, сепак има иднина. „Би биле заинтересирани кога некој би дошол со паметен концепт за ревитализација, преку наем или со управување, на ова историско место“, додава Моеринг и како пример посочува хотелски комплекс или конференциски центар.Проблемот е и во тоа што вилата на Гебелс и четирите главни згради на школата на комунистичкиот подмладок имаат статус на историски споменици. Моеринг вели дека тоа го отежнува нивното ставање во функција и се залага тој статус да биде повлечен. „Јас секогаш ќе ја бранам важноста на заштитата на историските вредности, но сметам дека мораме да се запрашаме дали навистина одредени згради треба да се сметаат за историски споменици“, вели./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

