Забава
Научници: Кај човекот не постои внатрешен ‘геј радар’
Таканаречениот „геј радар“, хипотетската способност да се предодреди хомосексуалноста во поведението, не функционира, а луѓето кои сметаат дека имаат таква способност не можеле да ги разликуваат хетеро од хомосексуалците, заклучуваат авторите на статијата објавена во списанието Journal of Sex Research.
„Замислете дека сите хомосексуалци носат розови маици и оти, на пример, 10 отсто од хетеросексуалните мажи, исто така, се облечени во розово. Во тој случај, и покрај тоа што сите хомосексуалци би биле облечени во една боја, на Земјата ќе има двапати повеќе мажи хетеросексуалци облечени во розово. И дури и при таков неверојатен случај, луѓето кои се потпираат на стереотипите за одредување на сексуалната ориентација, во две третини погрешно ќе ги одредат хомосексуалците“, се вели во статијата потпишана од Вилијам Кокс од државниот Универзитет на Висконсин во Медисон.
Кокс и неговите колеги дошле до овој заклучок анализирајќи ги резултатите од претходните истражувања во врска со ткн „геј радарот“ и низата сопствени експерименти, во чиишто рамки волонтери кои сметале дека поседуваат такви особини се обидувале да ја определат сексуалната ориентација на други луѓе според фотографии на нивните лица, описи за облеката, историјатот на нивните кариери и низа други стереотипни карактеристики.
Овие експерименти покажале дека спротивно на вкоренетите претстави, па дури и резултати од некои други опсервации на психолози, изразите на лицата на хомосексуалците и лезбијките не одразуваат карактеристики според коишто некој човек може да ја погоди нивната неконвенционална сексуална ориентација.
На пример, во еден од експериментите, во чии рамки студентите од Универзитетот Висконсин се обидувале да ги погодат ориентациите на мажи и жени според фотографии и куса биографија, им успеало тоа да го сторат во 30 до 40 отсто од случаите.
Таквиот низок резултат, сметаат научниците, покажува дека учесниците во студијата го правеле својот избор случајно и тој не се темелел на никакви свесни или несвесни знаци за хомосексуалноста, освен на нивните стереотипни претстави за тоа, како треба да изгледаат или да живеат хомосексуалците или лезбијките. Овој резултат, истакнуваат натаму научниците, укажува на отсуството на способноста кај човекот да ги разликува хетеро од хомосексуалците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

