Забава
Почина најнискиот човек на планетата
Најнискиот човек на планетата, Непалецот Чандра Бахадур Данги, со раст од 54,6 сантиметри, починал во четвртокот во 76-та година од животот.
Според индискиот весник The Kathmandu Post, Чандра починал на еден остров во пацифичкиот архипелаг Самоа.
Според весникот, на Непалецот мината седмица му бил дијагностицирана пневмонија, иако според роднините претходно никогша не боледувал и не примал лекарства. Бил хоспитализиран во болница во градот Паго-Паго, административниот центар на Американска Самоа. Сепак, лекарите не успеале да го излекуваат.
Данги, кој претходно никогаш не излегол надвор од своето село Пурандара во округот Данг во западниот дел од Непал, откако беше прогласен за најнискиот човек, изјави дека сака да ги посетува другите земји, и често патуваше на турнеи.
Чандра Бахадур Данги беше прогласен за најнискиот човек на светот во февруари 2012 година, преземајќи ја оваа „титула“ според Гинисовата книга на рекордите од сега 22-годишниот Филипинец Џанри Балавинг, кој престанал да расте кога имал две години и кој е висок само 59,93 сантиметри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Модно издание кое го „одзема здивот“: Џенифер Лопез на Мет Гала во фустан со 2,5 милиони перли
Џенифер Лопез се појави на Мет Гала, најважниот моден настан на годината, во сребрен фустан кој го „одзема здивот“, а интересно е што ова рачно изработено парче имаше 2,5 милиони рачно шиени перли.
#MetGala co-chair Jennifer Lopez sparkles on the steps pic.twitter.com/R3PtKAx13I
— The Hollywood Reporter (@THR) May 6, 2024
Пејачката и актерка ги воодушеви модните критичари во проѕирен фустан на Schiaparelli по нарачка. За рачно везење на ова парче облека биле потребни повеќе од 800 часа, а содржи повеќе од 2,5 милиони сребрени перли.
Креацијата ја спои со чевли на платформа и клач чанта во соодветни тонови.
Ѓерданот на Лопез, со речиси 100 карати дијаманти, го обезбеди Tiffany & Co., како и нејзините обетки, нараквица и два прстени.
Забава
Николас Кејџ доби една од главните улоги за поинаква приказна за Исус
Николас Кејџ е еден од актерите што добија улога во претстојниот хорор-филм The Carpenter’s Son. Хорор-филмот го режира Лоти Нејтан, кој го напиша и сценариото.
Според „Дедлајн“, The Carpenter’s Son го истражува животот на младиот Исус Христос и неговото семејство. Станува збор за мрачна приказна за семејство што се крие во Египет.
Николас Кејџ ќе го игра Карпентер (Џозеф од Библијата), а Ноа Јуп ќе го игра момчето (Исус), пренесува „Дедлајн“. Режисерот Нејтан најде инспирација за хорор-филмот во Евангелието на Тома од детството, кое датира од 2 век од нашата ера.
Не е познато кога ќе почне снимањето на филмот, ниту кога гледачите ќе може да го гледаат во кината или на стриминг-сервисите.
Забава
Не знаат да се опуштат: хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината
Грижата за иднината е вообичаен феномен, а стравот од непознатото може значително да влијае на нашето секојдневие. Додека некои луѓе не се грижат за деновите што претстојат, други постојано се грижат за тоа што може да тргне наопаку. Еве во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не можат да ја прифатат сегашноста.
Девица
Девиците се познати по нивната склоност кон перфекционизам и аналитички пристап кон животот. Нивната постојана потреба за контрола и детално планирање често ги спречува да се опуштат. Девиците постојано ги анализираат сите можни исходи од настаните и често се грижат за проблемите кои можеби никогаш нема да се појават.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и емотивни, а нивното длабоко емоционално вложување во сите области од животот ги прави особено чувствителни на идните неизвесности. Нивниот фокус на скриените аспекти на секоја ситуација може да доведе до прекумерна грижа за потенцијалните негативни сценарија.
Рак
Раковите се многу интуитивни и емотивни, а нивната грижа често произлегува од нивната потреба за сигурност и стабилност. Тешко се справуваат со неизвесноста, поради што често размислуваат за најлошиот исход за психички да се подготват за сите можности.