Македонија
Стручното усовршување и обуката клучни за јакнење на капацитетите на ИПА
Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска денеска одржа работна средба со државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Ана Блажеска.
На средбата се разговараше за можностите за јакнење на капацитетите на ИПА оперативната структура преку подобрување на системот на стручно усовршување и обука. ИПА структурата брои околу 400 административни службеници кои работат на програмирање, спроведување и мониторинг на претпристапната помош во органите на државна управа. Во тој контекст беа разгледани различни модели и најдобри практики од земјите-членки на ЕУ со цел унапредување на политиките за задржување на кадарот и јакнење на административниот капацитет. Овие активности се дел од заложбите на Владата за зголемување на искористеноста на европските фондови и подобрување на квалитетот и одржливоста на проектите реализирани со Инструментот за претпристапна помош (ИПА). На средбата исто така стана збор за портфолиото на ИПА проекти на Министерството за информатичко општество и администрација, при што беше изразено задоволство од успешната соработка со Секретаријатот и со Делегацијата на ЕУ со оглед на фактот што во текот на минатата недела за сите проекти од програмската 2012 година беше добиено одобрување од страна на ЕК за премин во следната проектна фаза. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.