Македонија
Иванов помилувал погрешна Фатиме Фетаи, Обвинителите бараат да го повлече помилувањето
Тројцата обвинители од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Лиле Стефанова, кои ги помилува претседателот, Ѓорге Иванов, бараат тој да ја повлече неговата одлука и му порачуваат дека не им треба никаква „милостина“ од него.
Обвинителката Фатиме Фетаи во писмото му посочува дека аболицирал друга Фатиме Фетаи од Гостивар, со оглед на тоа што таа живее во тетовското село Боговиње. „Не господине Иванов, “No pasarán“. Доколку сметате дека не сте дел од валкани игри и смислени конструкции, еве ви добра шанса тоа делумно да го докажете. Единствено што треба да направите е да го уважите ова мое барање за повлекување на Одлуката за мое помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка.Без разлика на Вашата одлука, за сторената повреда на мојата чест и углед ќе ги искористам сите правни механизми кои ми стојат на располагање и ќе барам соодветна отштета и за мене и за поблиското семејство. На крај, само да Ви посочам дека во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци. Јас не сум од Гостивар, живеам во с.Боговиње – Тетовско и со целата оваа рашомонијада која ја направивте, Вие тотално го избришавте правниот систем во Република Македонија“, пишува Фетаи.Обвинителот Бубевски во писмото до Иванов е зачуден на кој начин е отворена процедура за негово помилување, од каде се податоците дека против него се води некаква постапка.„Во неколку наврати се обидов да го ислушам до крај Вашето обраќање до јавноста и не успеав. Верувам дека и Вие самиот не можете да го ислушате. Кога слушнав дека сте донеле одлука за помилување на сите политичари, и тоа го спакувавте како врвен интерес на Република Македонија, почнавте да ми се допаѓате. Во тој момент помислив дека Вие сте доброчуден циник и очекував во истиот стил на крај да кажете„се разбира дека сево ова е само обична шега и ја закажав оваа прес конференција за да ја релаксирам состојбата во државата“, со крајно поентирање дека врвен интерес на Република Македонија не може да биде неказнивоста на политичарите, напротив, врвен или највисок интерес е тие да бидат казнети ако сториле кривично дело. За жал згрешив во проценката, и не само тоа, туку во службен весник од 12.04.2016 година меѓу помилуваните бев и јас, како врвен политичар“, се вели во псимото на Бубевски.И обвинителката Лиле Стефанова го одби помилувањето на Иванов како незаконско и непотребно и во писмото таа му укажува дека вината треба да се докажува во судска постапка. „Ослободувањето од кривично гонење на лицата кои се наведени во Вашите акти за помилување само поради тоа што се политичари или јавни обвинители во никој случај не може да биде оправдано, а најмалку под изговор за високи државни интереси. Кривичната пријава на која Вие се повикувате во актот за моето помилување е вешто направена конструкција со цел да се наштети на мојот личен и професионален углед и на угледот на Обвинителството во кое сум вработена, а се со цел да се влијае на постапката во која беа осомничени поранешни министри и сегашни функционери во Владата на РМ . Мојата невиност треба да ја докажувам во постапката пред Основното јавно обвинителство Скопје и пред надлежниот суд, а со Вашата одлука ме доведовте во позиција за истото да се произнесувам во медиумите и непотребно ме вовлековте во политичките игри кои ги водите“, пишува во писмото на Стефанова.Против тројцата обвинители се поднесени кривични пријави за малтретирање на сведоци./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

