Македонија
Вицепремиерот Адеми ја презентираше НПАА во МАНУ
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми во среда во МАНУ ја презентираше Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, за периодот 2016-2020.
Адеми во своето воведно обраќање даде кус осврт на овогодишната НПАА, која како и секоја година, од 2006 година наваму, Владата на РМ и нејзината администрација, под координација на СЕП, ја подготвува, опфаќајќи ги сите аспекти, политички, правни, административни и финансиски, врз основа на наодите и препораките на Извештајот на Европската комисија.„Ревизијата на НПАА за 2016 година го задржува истиот методолошки концепт за подготовка на овој документ, односно содржински ги опфаќа секторските планови за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, потребната динамика за јакнење на институциите за спроведување на законодавството, како и неопходните ресурси за реализација согласно препораките во Извештајот на ЕК за Македонија за 2015 година и обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација“, истакна Адеми.Посебно внимание беше посветено на поврзувањето на приоритетите на НПАА со Планот на активности за реализација на Итните реформски приоритети (ПАРИРП), вклучувајќи ги и приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, Економската реформска програма (ЕРП) и Стратегијата ЈИЕ2020. Во своето обраќање вицепремиерот Адеми истакна дека, во насока на соработката помеѓу нашите две институции, МАНУ и СЕП, се нуди можност НПАА како сеопфатен документ и неговите прилози да бидат користени од страна истражувачките институти на МАНУ и неговите членови, за продлабочување и насочување (селекција) на теми за натамошни анализи. Од друга страна, Советот, би можел да ги селектира приоритетни области и специфични теми, за кои во одредена динамика, би можеле да се подготвуваат куси или продлабочени анализи на актуелните политики, да се организираат научни или широко отворени дебати и да се подготвуваат насоки, предлози, коментари од корист за извршната, законодавната и/или судската власт, како и за граѓанскиот сектор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

