Контакт

Забава

„The Prodigy“ на 14-ти август со концерт во Охрид

Објавено пред

Еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, „The Prodigy“ за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“  во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„„The Prodigy“ доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, со кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми“, соопштуваат организаторите на концерто „Авалон продукција“.„The Prodigy“ имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“…Како што деновииве тие најавија, за „The Prodigy“ можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија. Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16-ти мај) 9 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Оскаровката Медисон проговори за секс сцените: „Бев подготвена за тоа“

Објавено пред

Актерката Мајки Медисон минатиот викенд постигна неверојатен успех – го освои Оскарот за најдобра актерка во филмот „Анора“. Покрај освоениот Оскар, многу се коментираше и нејзината одлука да не користи координатор за интимни сцени за време на снимањето на филмот.

dobivaj vesti na viber

Во филмот „Анора“, Мајки Медисон ја портретира Ани, сексуална работничка која добива шанса за живот од бајките кога ќе се сврши со син на руски олигарх. Меѓутоа, кога родителите на младоженецот дознаваат за врската, доаѓаат во Њујорк за да го спречат бракот.

Филмот изобилува со експлицитни сцени, а многу критичари истакнаа дека присуството на координатор за интимни сцени е неопходно, не само поради секс сцените, туку и поради сложената врска помеѓу нејзиниот лик и темата на филмот.

Медисон, сепак, свесно ја отфрли таа опција. Зборувајќи за Actors on Actors, кога разговараше со Памела Андерсон, таа ја објасни својата одлука.

„Тоа беше моја одлука. Режисерот и екипата ми понудија координатор за интимните сцени, но Марк Ајделштајн, кој го игра Иван, и јас решивме дека е најдобро да биде едноставно”, изјави Медисон.

Таа истакна дека знае каков стил на филмски режисер сака да постигне Шон Бејкер и додаде дека верува во неговата визија.

„Мојот лик е сексуална работничка, а и претходно сум ги гледала филмовите на Шон и знам колку му е важна автентичноста. Бев подготвена за тоа. Како актерка пристапував професионално”, додала таа.

Иако оваа одлука предизвика различни реакции, тоа не ја спречи Медисон да ја освои најпрестижната филмска награда. Филмот „Анора“ беше голем победник на вечерта, а покрај наградата за најдобра женска улога, доби и Оскар за најдобра монтажа, оригинално сценарио, режија и најдобар филм.

Во својот емотивен говор Медисон ја истакна важноста на заедницата на сексуалните работници и им ја посвети својата победа.

„Сакам да ја признаам и да ја почитувам заедницата на сексуалните работници. Ќе продолжам да ги поддржувам и да бидам нивен сојузник. Сите неверојатни жени кои имав можност да ги запознаам за време на снимањето на овој филм го направија ова искуство уште поспецијално”, рече таа.

Оваа победа ја направи деветтата најмлада победничка во таа категорија во историјата и најмладата во последните 12 години, откако Џенифер Лоренс го освои Оскарот за Silver Linings Playbook на 22-годишна возраст.

Прикажи повеќе...

Забава

„Изгледа болно и уморно, што се случува“: фановите загрижени за Лејди Гага

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага (38) неодамна привлече внимание кога папараците ја фотографираа пред хотел во Њујорк. За таа прилика избра долга волнена креација од брендот Diesel, која го усогласи со соодветни чевли.

dobivaj vesti na viber

Лејди Гага се појави со нова фризура, а многумина коментираа дека шишките одлично и прилегаат.

Папараците открија во кој хотел престојува и успеаја да го снимат нејзиното заминување. Додека некои ја пофалија нејзината нова фризура, други коментираа дека изгледа исцрпено и речиси непрепознатливо, што ги поттикна шпекулациите за нејзиното здравје и замор. „Изгледа болно и уморно, што се случува? многумина коментираа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Погребан Саша Поповиќ, семејството и колегите го испратија со песна на Звонко Богдан

Објавено пред

На бежаниските гробишта во храмот на Светиот апостол Тома, вчера се одржа последното збогување со Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција.

dobivaj vesti na viber

Од Поповиќ се простија семејството, сопругата Сузана, ќерката Александра, синот Данијел (син на Сузана од првиот брак) и снаата Тијана, како и бројни пријатели и колеги.

Тој беше погребан во семејната гробница, а Сузана цело време стоеше покрај ковчегот, додека нејзиниот син ја тешеше. Телеграф.рс пишува дека говорот на погребот го одржал човек близок до семејството. По говорот, Поповиќ беше погребан со песна од Звонко Богдан.

На последното збогување на Саша Поповиќ дојдоа многу негови колеги со кои соработуваше во текот на кариерата.

Дојдоа Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ, Јелена Карлеуша, Дара Бубамара, Харис Џиновиќ, Александар Милиќ, Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Ивица Дачиќ и многу други.

Саша Поповиќ беше еден од најмоќните луѓе во српската естрада, познат преку неговата работа како продуцент, телевизиски водител и поранешен музичар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Експлодираше „Старшип“ на Маск, паѓаа делови, стопирани се авионски летови

Вселенското летало Starship на SpaceX експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат...

Европа2 часа

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини својот колега Владимир Путин дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил...

Свет3 часа

Трамп: „Ако НАТО не плати, нема да ги бранам“, Макрон му одговори

Доналд Трамп вчера ја доведе во прашање и посветеноста на САД кон НАТО и солидарноста на сојузничките земји во рамките...

Европа3 часа

(Видео) Европската ракета лансираше шпионски сателит

Нова европска ракета Ariane 6 вчера успешно лансираше француски шпионски сателит на својата прва целосно оперативна мисија, означувајќи го враќањето...

Европа3 часа

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, поддржани од 26 од 27 земји

Лидерите на сите земји-членки, освен Унгарија, ја повторија својата силна поддршка за Украина и ја истакнаа потребата руската агресија да...

Топ17 часа

Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров. Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен...

Македонија17 часа

Обвинителството со детали: Кумановката добила 4.000 евра за бебето од брачната двојка, а кога го барала назад не и’ го враќале – притвор за сопружникот и мајката

Обвинителството донесе наредба за истражна постапка против пет лица, во случајот со родилката од Куманово која и’ го дала своето бебе...

Македонија19 часа

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија20 часа

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет21 час

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија21 час

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија21 час

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет22 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија23 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија24 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија1 ден

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет1 ден

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа1 ден

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа1 ден

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет1 ден

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....